Контакт

Европа

Во Рим голем протест против легализацијата на еднополовите заедници

Објавено пред

Повеќе стотици илјади Италијанци се собраа на староримскиот стадион Циркус Максимус барајќи од владата да се откаже од законот со кој би се легализирале хомосексуалните партнерства и со кој би им биле овозможени и ограничени права за посвојување деца.

dobivaj vesti na viber

Италија е една од ретките држави во Европа којашто истополовите врски во ниту една форма ги нема во своето законодавство.

Оспоруваниот предлог закон беше претставен минатата седмица во парламентот и за него треба да се гласа во февруари, меѓутоа и самата италијанска влада е длабоко поделена околу ова прашање. Противниците на предлог законот изразуваат надеж дека ќе го спречат неговото усвојување, како што успеаја во неколку претходни наврати.

Од цела Италија во Рим во саботата пристигнуваа бројни возови и автобуси со луѓе кои се придружија на собирот на славниот хиподром од периодот на древниот Рим.

„Сакаме да биде повлечен целиот предлог закон, без бројните ‘ако’ и ‘доколку’“, изјави Симон Пилон, еден од организаторите на собирот. Тој особено ја критикува одредбата од законот која на хомосексуалните двојки би им овозможила усвојување на биолошките деца на нивните партнери. Критичарите, имено тврдат дека тоа би го поттикнало сурогат мајчинството, коешто во Италија е забрането. „Не можеме да дозволиме децата да плаќаат поради желбите или хировите на возрасните. Децата имаат потреба од мајка и од татко“, вели Пилон за Reuters.

Колку Италија е поделена, покажува и фактот дека пред една седмица повеќе илјади луѓе излегоа на улиците барајќи усвојување на законот за ткн „цивилно партнерство“ за хомосексуалните и хетеросексуалните двојки.

Организаторите на собирот во саботата претходно соопштија дека очекуваат околу половина милион луѓе на протестот, но засега не е познато за колкав број луѓе точно станува збор.

Агенцијата DPA наведува дека некои од организаторите изјавиле дека во Рим пристигнале повеќе од два милиона луѓе од целата земја. „Има многу повеќе отколку што очекувавме… Сакам да ве известам дека нé има повеќе од два милиона“, изјави Масимо Гандолфини, портпаролот на манифестацијата наречена Ден на семејството.

Италија е последната од големите држави во западна Европа која не нуди никакви права или признавање на истополовите двојки, па е често критикувана од Европскиот суд за човекови права.

Премиерот Мате Ренци го вети носењето на контроверзниот закон до крајот на 2015 година, меѓутоа наиде на остро спротиставување и во коалицијата.

„Целосно се согласувам со целите на овој собир“, изјави министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано, водач на помалата партија во власта Нов десен центар.

Иако влијанието на Католичката црква во Италија со годините слабее, таа сé уште претставува значајна сила во тамошното општество. Италијанската бискупска конференција решително се изјасни против предлог законот, а пред една седмица папата Франциск објави силен потсетник на противењето на Црквата на еднополовите бракови, порачувајќи дека традиционалното семејство е „семејство кое Господ го сака“.

Според некои од последните истражувања на јавното мнение, 70 отсто од Италијанците сметаат дека истополовите двојки заслужуваат правна заштита, како што е првото на наследување, но само 24 отсто сметаат дека би требало да им се овозможи и правото да посвојуваат деца./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете

Објавено пред

Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.

dobivaj vesti na viber

Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.

„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.

„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.

Прикажи повеќе...

Европа

Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив

Објавено пред

Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.

dobivaj vesti na viber

„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.

Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.

Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.

Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин го избра премиерот

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.

dobivaj vesti na viber

Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.

И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.

„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.

Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.

Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија5 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија6 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија6 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија6 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија9 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје10 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа11 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет11 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет11 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија19 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија21 час

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија1 ден

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...