Европа
Во Украина започна воената вежба со силите на НАТО
Со учество на силите на САД, на Украина и на повеќе земји членки на НАТО во понеделникот започнаа заедничките воени вежби во западна Украина под назив „Брз трозабец 2014“(Rapid Trident 2014), пренесуваат агенциите.
Со учество на силите на САД, на Украина и на повеќе земји членки на НАТО во понеделникот започнаа заедничките воени вежби во западна Украина под назив „Брз трозабец 2014“(Rapid Trident 2014), пренесуваат агенциите.
Како што извести репортерот на германската новинска агенција DPA од воената база во Јаворив, вежбите започнале рано утрината во близина на границата со Полска и ќе траат до 26-ти септември.
Во воените вежби започнати во понеделникот на барање на владата во Киев која треба да ја демонстрира поддршката на НАТО и подготвеноста да се одговори на Русија којашто западот ја обвинува дека стои зад кризата во Украина, учествуваат 1.300 војници од 12 членки на Алијансата, и тоа како што соопшти Европската команда на вооружените сили на САД (United States European Command), од Германија, Велика Британија, Полска, Литванија, Бугарија, Шпанија и Канада, како и од нечленки Азарбејџан, Грузија и Молдавија.
„Утрово официјално започнаа маневрите. Беа истакнати знамињата на Украина и на САД како главен и долгогодишен партнер во воените вежби. Времето е прекрасно , како и расположението на сите учесници …“, изјавил за руската агенција Итар-Тасс, шефот на центарот за комуникации на украинскиот министерство за одбрана, Александр Поронјук.
Според најавите, на маневрите ќе бидат одржувани ситуациони вежби за уништување импровизирани експлозивни направи, спроведување конвои и патроли
Воената база Јаворив се наоѓа околу 1.200 километри западно од источните украински региони Донецк и Луганск кои се под контрола на проруските бунтовници кои не ги признаваат легитимитетот на прозападната влада во Киев која дојде на власт по февруарските безредија во украинската престолнина со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович кој се реши привремено да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија, што беше протолкувано како свртување кон Москва од која беше добиен заем од 15 милијарди долари и снижена цената на рускиот природен гас.
Набргу новите власти во Киев го укинаа законот за јазиците, со кој рускиот јазик кој како мајчин го наведуваат најмалку од 50 отсто од населението го загуби статусот на службен, што беше сигнал за незадоволство на руската и рускојазичната заедница. Прво во март црноморскиот полуостров Крим на кој околу 60 отсто од населението се етнички Руси преку референдум си ја поврати автономијата укината во раните 1990-ти со осамостојувањето на Украина, и изгласеа присоединување кон Руската Федерација, што Западот и Киев го сметаат за нелегална руска анексија на украинска територија.
Потоа во април во источните региони, каде што рускојазичното население надминува 75 отсто, ткн народни милиции за самоодбрана по урнекот на приврзаниците на поранешната опозиција во Киев ги заземаа јавните објекти и прогласија таканаречени Народни републики во Донецк и Луганс кои првично се залагаа за федерализација на Украина, но подоцна ги истакнаа ставовите дека не сакаат да останат во составот на земјата. Според договорот за прекин на огнот од 5-ти септември од Минск, областа позната под заедничкото име Донбас(ли Новорусија), треба да добие специјален статус во рамките на Украина. Досега во петмесечниот судир меѓу украинската армија бутновничките сили во источна Украина загинаа над три илјади луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.