Европа
Врвот на ЕУ жали поради одлуката на Британците, но ќе ја почитува

Претседателите на Европскиот совет, Европскиот парламент и ротирачкото претседателство со ЕУ – Доналд Туск, Мартин Шулц и Марк Руте изјавиле дека Британците во еден слободен и демократски процес ја изразиле својата желба да ја напуштат ЕУ и дека жалат поради такваа одлука, но истовремено ја почитуваат, пренесуваат светските агенции.
„Се работи за досега невидена состојба, но ние сме единствени во нашиот одговор. Остануваме постојани во одржувањето на основните вредности на Европската унија, на промоцијата на мирот и благосостојбата на нејзините народи. Опстанувањето на 27-те земји членки на ЕУ не е доведено во прашање. Унијата е рамка на нашата заедничка политичка иднина. Меѓусебно сме поврзани со историјата, географијата и заедничките интереси, односно нашата соработка ја развиваме на овие основи. Заедно ќе ги решаваме нашите предизвиците за постигнување на раст и зголемување на просперитетот и обезбедувањето на безбедна средина за нашите граѓани. Институциите во овие настојувања целосно ќе ги играат своите улоги“, се истакнува во заедничката изјава на европските лидери.
Тие додале дека сега очекуваат од владата на Велика Британија да ја спроведе одлуката на британскиот народ што е можно поскоро, независно од тоа колку може да биде болен
„Има правила кои јасно го уредуваат ова прашање. Членот 50 од Договорот на Европската унија ја утврдува процедурата која се применуа доколку некоја од државите членки одлучи да ја напушти Унијата. Подготвени сме да ги започнеме преговорите со Британија без никакво одложување. Додека процесот не се заврши, Велика Британија и натаму останува членка на ЕУ, со сите свои права и обврски кои произлегуваат од тоа. Според договорите кои ги ратификуваше Британија, правото на ЕУ и натаму целосно се применува се додека земјата е членка на Унијата“, се наведува во соопштението.
Како што е сега пак договорено, новото решение за Обединетото Кралство внатре во ЕУ, постигнато на седницата на Европскиот совет на 18-ти и 19-ти февруари годинава ,сега нема да стапи на сила и престанува да постои, односно нема да има нови преговори./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин