Европа
Започнува италијанското претседателство со ЕУ
Италија, која на 1 јули го преземе претседателството со ЕУ од Грција, има доста амбициозни цели за следните шест месеци, а според италијанските власти, приоритет ќе биде да се промени насоката на европските политики, и Европа повторно да се направи „сон“ за сите, наспроти постојан избор на проблеми и разочарување за граѓаните на ЕУ.
„Овој семестар е посебен бидејќи ќе иницира нов политички циклус. Ова се првите шест месеци од новата европска легислатива, која беше избрана кон крајот на мај“, изјавил за ИТАР-ТАСС, државниот секретар на министерството европски интеграции, Сандро Гоки.
Како што беше повеќепати потенцирано од италијанскиот премиер Матео Ренци, внатрешните проблеми на Италија и Европа се заеднички.
„Италија е подготвена да се промени, но оваа промена не е можна без обновата на Европа“, изјавил италијанскиот премиер, кој во првата недела од италијанското претседателство закажа повеќе средби со европсктие лидери.
„Не планираме да играме важна улога, но сакаме да ја насочиме цела Европа кон новите политички приоритети, преку воведувањето на поефикасни методи на менаџмент и правење на одлуки. Според нас, за да се надогради Европа, како што зборуваат сите земји, потребно е да се направат промени. Сакаме да поставиме нови граници за европското лидерство, да поставиме цели за наредните пет години и да ја натераме Европа да одлучи“, изјавил државниот секретар Гоки.
За време на претседавањето, италијанското претседателство ќе помине и низ „транзициски период“, односно периодот кога сите клучни функционери на Европскиот парламент ќе бидат заменети. Кандидатурата на Жан-Клод Јункер за претседател на Европсакта комисија беше одобрена, па сега сите останати места треба да бидат распределени. Шефицата на италијанската дипломатија, Федерика Могерини е меѓу фаворитите за да ја наследи Кетрин Ештон на позицијата висок претставник за надворешна политика и безбедност.
Според државниот секретар Сандро Гоки, италијанското претседателство не е заинтересирано за позициите во Комисијата, а владејачката Демократска партија го потврдила својот кредибилитет и својата стабилност за време на неодамнешните еврпските избори, кога партијата доби повеќе од 40 проценти од гласовите во земјата.
Според Гоки, Демократската партија ја претставила својата политика околу европските интеграции и предложила решенија кои го спречиле растот на евроскептицизмот.
„За да можеме да одговориме на тие нови трендови, треба да бидат направени реформи и на национално, и на европско ниво. Во практика треба да покажеме дека само низ заедничка европска политика ќе најдеме одговори на проблемите кои ги мачеа Европејците во последните години“, рекол Гоки.
Економскиот раст на сметка на заедничкиот европски пазар е првото нешто на агендата на италијанското претседателство. Меѓу приоритетите исто така е борбата против невработеноста, создавањето на нова индустриска политика која ќе има за цел да ја зголеми конкурентноста на малите и средни бизниси, а ќе мора да се реши и проблемот со нелегалната имиграција. Рим е решен да постави заедничка европска имиграциска политика, со која би се зачувале европские граници и би се развил унифициран механизам за бегалците.
Италија секогаш била постојан поддржувач на проширувањето на ЕУ и ќе промовира интеграција на Србија и Албанија, потврдил Гоки. Што се однесува до Украина, Рим го дели мислењето дека „интеграцијата на земјата во Европа и изнаоѓањето на хармонија на односите меѓу Русија и ЕУ се паралелни процеси и не треба да има конфликт, и наместо тоа тие треба да бидат комплементарни еден на друг“.
Италијанското претседателство исто така планира да го одблокира процесот на имплементација на гасоводот „Јужен тек“, бидејќи Италија има огромен интерес во овој проект. Рим смета дека ова е еден од најголемите стратегиски проекти во Европа, кој ги задоволува целите на диверсификација на снабдувањето со гас на Европа и поголема енергетска сигурност на ЕУ.
Во однос на претходното претседателство, она на Грција, италијанските власти потврдиле дека се задоволни од нивната работа.
„Грција го започна она што ние планираме да го продолжиме, проширувањето на ЕУ, индустриската политика, имиграциската политика. Во однос на подобрувањето на менаџментот на ЕУ, можеме да се потпреме на работата која што беше завршена од Грција“, рекол Гоки./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

