Европа
Заробените руски војници велат дека по грешка влегле во Украина
Припадници на руската 98-та падобранска дивизија коишто во понеделникот беа заробени на украинска територија во средата дадоа изјави дека верувале дека прават рутинско патролирање и дека не сфатиле дека се наоѓаат на украинска територија сé додека не биле уапсени, пренесуваат агенциите.
Украинските власти во Киев ги обвини дека се наоѓале во специјална мисија со која им помагаат на проруските бунтовници во источна Украина. Официјална Москва, демантираше дека ги испратила војниците во мисија, туку дека тие по грешка влегле на украинска територија и потсети дека стотици украински војници исто така преминуваат на руска територија кога ќе се најдат во опасност да бидат заробени од бунтовниците и дека безбедно ги враќа на украинска територија.Девет од десетте заробени војници на прес-конференција одржана во Киев изјави дека пред почетокот на рутинската вежба добиле многу малку информации, како и дека немаат никакво претходно искуство во воени операции. Десеттиот војник е ранет и префрлен во болница. „Не бевме воопшто информирани…. Испратени сме во рутинско патролирање, се изгубивме, не го знаевме ниту патот ниту на каде одиме“, изјави еден од заробениците, Иван Романцев кој е идентификуван како водач на групата. „Дека се наоѓаме на украинска територија сфативме кога бевме уапсени и кога ни објаснија каде сме. А слични вежби сме оделе многупати, само што тие се одржуваа на други места“, рече наредникот Владимир Савостеев.Од нивните одговори не може да се заклучи дали надредените во руската армија им дале јасни упатства да ја минат границата, коментира Reuters.Претходно во средата началникот на истражниот оддел на Службата за безбедност на Украина, Василиј Вовк, изјави дека е отворено кривично дело против руските војници уапсени во понеделникот. Според него тие се обвинети за „учество во терористичка организација, содејство во активности на терористичка организација“ и за „незаконско поседување оружје, муниција и експлозивни средства“, како и дека се разгледува покренување обвинение против нивниот командир за илегално пренесување лица преку државната граница./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.

