Европа
Жена во никаб отстранета од париска опера на барање на актерите
Жена во никаб, традиционална женска покривка за главата и лицето само со отвор за очите, е отстранета од париската Опера Бастилја (Opera de la Bastille), а француската влада ќе побара од театарот да ги преиспита правилата за носење превези.
Инцидентот се случил за време на операта „Травијата“ на 3-ти октомври. Жената, туристка од една од земјите во Персискиот залив седела во првиот ред, и била прекриена со шамија и превез, а можеле да ѝ се видат само очите. „Ме информираа за тоа во текот на вториот чин“, изјавил за AFP директорот на операта, Жан-Филип Тилеи. Истакнал дека „некои од актерите рекоа дека не сакале да пеат“, сѐ додека не биде сторено нешто во врска со тоа.По овој настан француското министерство за култура разгледува нови прописи за посетителите на театрите, музеите и другите јавни културни институции, со насока за ревидирање на правилата за носење на превезите за лицата на жените.„Инспекторот ѝ рече дека тоа во Франција е забрането и ја замоли да го открие лицето или да си замине. Мажот, кој ја придружуваше, побара таа да стане и си заминаа“, рекол Тилеи.Законот кој стапи во Франција на сила 11-ти април 2011 година го забранува носењето на јавни места и на улици „целосен превез“, како што се иранската паранџа, арапските никаб и бурка, кои се широко прифатени кај Авганистанките и Пакистанките. Сите видови муслимански облеки за жените целосно ја прекриваат фигурата на жената а бурката го прекрива целосно и лицето. Според законот, појавувањето на јавно место, како улици, паркови, плажи, продавници, ресторани, театри, железнички станици, административни и образовни институции, болници, музеи, библиотеки, спортски објекти и во јавниот превоз, со целосно покриено лице повлекува казна од 150 евра.На муслиманските жени во Франција им е дозволено да ги носат споменатите видови облека кои ги прекриваат лицата дома, во хотелски соби, во простории организации од затворен тип, на места за вршење богослужба и на верски процесии./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.