Свет
Facebook воведува опција за пријавување лажни вести
Најголемата социјална мрежа Facebook ја претстави опција којашто на корисниците ќе им овозможи да пријавуваат лажни вести, а планираат и соработка со организациите за проверка на податоците во рамките на напорите да се заузди бранот дезинформации во контекстот на обвинувањата за влијанието на ноемвриските американски претседателски избори.
„Сметаме дека треба да им се даде можност да го изразат своето мислење и дека не можеме самите да судиме за тоа што е вистина, па затоа на овој проблем му пристапуваме сериозно“, напиша на својот блог потпретседателот на Facebook, Адам Мосери.
„Се концентриравме на најлошото од најлошото, на очигледните измами кои ги шират спамерите за од тоа да извлечат полза, како и на ангажирање на напата заедница и другите организации“, додава Мосери.
Од Facebook најавуваат дека ќе почнат да го тестираат системот, така што на корисниците ќе им овозможат да кликнат на веста за којашто се сомневаат дека е лажна, Најавија и соработка со меѓународните организации за проверка на податоци/факти, кои се обврзале да го почитуваат кодексот за проверка на податоците, креиран во институтот Poynter.
„Доколку организациите за проверка на податоците заклучат дека некоја вест е лажна, таа ќе биде означена како спорна, а ќе биде достапен и линк до соодветниот напис со појаснување.. Спорните стории би можеле, исто така, да бидат пониско позиционирани во секцијата News Feed“, појаснува Мосери.
Facebook се најде под критики затоа што не го запрел напливот од лажните вести кои според тврдењата на демократите можеби му помогнале на републиканскиот кандидат Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД, бидејќи наводно се ширеле неосновани негативни вести за Хилари Клинтон, неговата противничка од редовите на Хилари Клинтон.
Од Facebook ги отфрлија ваквите обвинувања, но паралелно одлучиле да ги зајакнат своите настојувања за искоренување на лажните вести.
Одвоено, истражувањето на социолошкиот центар Pew Research во четвртокот покажа дека две третини од возрасните Американците сметаат дека лажните вести го отежнуваат утврдувањето на вистинските факти во моменталните случувања
Иако многу од испитаниците рекле дека сметаат дека таквите вести предизвикуваат забуна, повеќето биле многу убедени во сопствената моќ да ги препознаат измамите.
Меѓутоа, речиси една четвртина одговориле дека и самите на социјалните мрежи споделувале измислени вест, односно 14 отсто признале дека пласирале наслов за кој знаеле дека е лажен, додека 16 отсто дури подоцна сфатиле дека веста којашто ја споделиле била измамничка.
Во Facebook, социјалната мрежа со 1,8 милијарди корисници ширум светот, не сакат, пак, да бидат нарекувани медиумска компанија, како што ниту сакаа уреднички да просудуваат кои вести се споделуваат./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

