Свет
Илјадници христијани во Витлеем
Повеќе десетици илјади христијани од целиот свет се собраа во саботата во Светата земја за во Витлеем да го прослават Божик според Грегоријанскиот календар, кој го прославуваат верниците од Римокатоличката црква, но и некои православни цркви како Цариградската патријаршија, Грчката православна црква од Александрија, Грчката православна црква од Антиохија, како и националните православни цркви на Грција, Кипар, Романија и Бугарија.
Големи групи луѓе почнаа да ѝ се придружуваат на годишната процесија на латинскиот патријарх во Ерусалим, за да го изминат патот од ерусалимскиот Стар град до библискиот Витлеем, каде што според преданието се родил Исус, пренесуваат агенциите.
Процесијата ја предводи Пјербатиста Пицабала, врховниот духовен римокатолички поглавар во Светата земја, кој ќе ја служи и полноќната литургија во Базиликата на Христовото раѓање. Се проценува дека во Светата земја во текот на декември ја посетиле 120.000 туристи, од кои половината се христијани, покажуваат податоците на статистичкото биро на израелското министерство за туризам.
Христијаните, чијашто бројка во Светата земја некогаш бил многу поголем, прават само два отсто од населението на Израел и на Западниот брег (на реката Јордан), и само 0,1 отсто во палестинската енклава Појасот Газа.
Повеќето локални арапски христијани се православни, припадници на Коптската, Етиопската, Еритрејската, Сириската и Старовремската асирска црква, и Божик го прославуваат на 7-ми јануари, но меѓу нив има и десетина илјади римокатолици кои го празнуваат на 25-ти декември.
Витлеем во саботата е веќе преполнет од туристи и Палестинци кои се упатуваат кон Плоштадот на јаслите, во близина на Базиликата Рождество Христово, каде што од звучниците одекнуваат божикни песни на арапски јазик. На плоштадот е поставена и голема божикна елка, а во овој град на Западниот брег се одвива во саботата и традиционалната скаутска парада.
„Ова е мој прв Божик надвор од татковината и навистина е величествено“, изјавила за AFP 21-годишна Американка од сојузната држава Висконсин.
За полноќната литургија се поделени 2.500 влезници, а меѓу посетителите редовно се застапени палестинските функционери и странски високи гости. Покрај Витлеем, посетителите, особено оние од странство, во овој период исто така ги посетуваат и Ерусалим и Назарет. Палестинските власти велат дека очекуваат повеќе туристи отколку минатата година, а сите главни хотели во Витлеем веќе се исполнети од многу порано./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.