Свет
Нов Зеланд ги евакуира туристите, над 800 потреси со магнитуда над 6
Спасувачките екипи на Нов Зеланд со помош на брод и хеликоптери се мобилизираа и во вторникот по средноевропско време треба да ја започнат евакуацијата на илјадниците туристи блокирани во областа погодена со земјотресот со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер во кој згинаа две лица а причинети се големи штети.
Невремето ја отежнува операцијата на давање помош и евакуација. Околу 800 последователни потреси со магнитуда над 6 степени по Рихтер дополнително ја отежнуваат работата на екипите за помош.
Преку Нов Зеланд минува ткн Пацифички огнен прстен, плоча од вулкани и тектонски раседи во должина од 40 километри. Тој го опкружува Тихиот Океан, минувајќи низ целиот брег на Северна и Јужна Америка, до јужните делови на Алјаска, а потоа преминува он Јапонија, Филипини и Индонезија и завршува во областа на островите Нова Гвинеја, Нов Зеланд и југозападна Океанија. Токму во „огнениот прстен“ се наоѓаат најголемиот број познати вулкани на планетата. Тука, исто така, се случуваат 90 отсто од сите земјотреси на Земјата.
Еден брод на новозеландската воена морнарица испловил од Окленд и треба во средата наутро по локално време да пристигне во Каикура, регионот на Јужниот остров од каде ќе евакуира најмалку 500 туристи.
Силните одрони кои ги предизвика земјотресот ги пресекоа патните правци и пругите до градот Каикура, каде се засолнале стотици луѓе кои останале без покрив над главата, Ова место со околу две илјади жители, се наоѓа на околу 90 километри од вториот по големина град Кристчерч. Таму се нашле меѓу 600 и илјада туристи, главно странци, кои дошле да ги набљудуваат китовите, по што е познато ова место.
Четири воени хеликоптери ќе ја започнат евакуацијата во вторник, а воен транспортен авион од типот „Hercules C-103“ од воздух ќе испушта помош во градот.
Според државното радио на Нов Зеланд, педесетина цивилни хеликоптери, исто така, би требало да учествуваат во операциите за помоши евакуацијана туристите од терените за рагби, спортот кој е многу популарен во оваа земја./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

