Контакт

Свет

(Oд минута во минута) Путин бара да се исполнат руските барања за прекин на огнот, пропадна обидот за евакуација

Објавено пред

Единаесетти ден на руската инвазија на Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни настани:

  • И денешниот обид да се организира хуманитарен коридор од Мариупол не успеа, а проруските сепаратисти и Украинската национална гарда меѓусебно се обвинуваат за кршење на привременото примирје
  • Едоган повика на итен прекин на огнот, Путин му одговори дека прво Украина треба да престане да се бори
  • Зеленски до Западот: Ако не ни дадете авиони, сакате да не’ убијат
  •  Блинкен рече дека Украинците имаат план за континуитет на власта дури и ако Зеленски биде убиен
  • Украина објави дека преговарачот Киреев загинал во специјална задача, негирајќи ги инормациите дека бил убиен оти бил руски шпион
  • СЗО објави дека во Украина биле нападнати неколку болници
  • OН: Најмалку 364 цивили убиени во руската инвазија од кои 25 деца

Развојот на настаните следете го на Макфакс:

21:52 САД и Полска размислуваат за испраќање на борбени авиони за Украина

Соединетите Држави „активно размислуваат“ за договор со Полска за испраќање полски борбени авиони од руско производство во Украина, потврди американскиот министер за надворешни работи Антони Блинкен.

Украинските пилоти знаат како да летаат со борбени авиони од руско производство, а Америка би можела за возврат да испрати свои заменски авиони во Полска, рече Блинкен.

21:29 Украинците: Русите ќе се обидат да го освојат Киев во следните неколку дена

Вадим Денисенко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, вели дека Русите ќе се обидат да го освојат Киев во следните неколку дена.

„Руските окупатори собраа доволно сили во близина на Киев и ќе се обидат да го освојат главниот град во следните неколку дена“, рече Денисенко.

21:24 Градоначалникот на Ирпин: Пред мои очи беа убиени две деца и двајца возрасни

„Семејство почина. Две деца и двајца возрасни починаа пред моите очи“, напиша тој.

21:07 Украински преговарач: Отворени сме за модел по кој нема да влеземе во НАТО

Украина нема да прави компромиси за нејзиниот територијален интегритет во преговорите со Русија, но е подготвена да преговара за не-НАТО модел за иднината на земјата, изјави Давид Арахами, еден од преговарачите на Украина, за „Фокс њуз“.

20:57 Повеќе од милион украински бегалци влегле во Полска

Денеска во 20 часот бројот на луѓе кои избегале од Украина во Полска надмина еден милион, соопшти полската гранична полиција.

„Тоа се милион човечки трагедии, милион луѓе протерани од своите домови поради војната. Милион луѓе кои откако ја преминале границата слушнале „безбеден си“, соопшти полската гранична полиција.

20:52 Русија: Дозвола за полетување на украински авиони е директен конфликт

Секоја земја што ќе одобри користење на нејзините аеродроми за украински авиони за напади врз Русија може да се смета за земја во конфликт, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Тој ја обвини Романија дека дозволува вакви полетувања.

20:22 Русија тврди дека Америка финансирала воена биолошка програма во Украина, Киев се обидел да ги уништи трагите

Руското Министерство за одбрана соопшти дека „за време на специјална воена операција биле пронајдени докази дека режимот во Киев сакал итно да уништи докази за воена биолошка програма во Украина финансирана од Министерството за одбрана на САД“.

Тврдењето беше споделено на Твитер од руското Министерство за надворешни работи.

20:15 Макрон за разговорот со Вучиќ: Војната во Украина треба да биде можност за европско приближување

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ ја поздравил јасната позиција на Белград во меѓународните инстанци за војната во Украина и потребата од почитување на суверенитетот на државите, соопшти денеска Елисејската палата.

Макрон ја истакна блиската соработка меѓу двете земји и потсети на пријателството на Франција и неговата лична поддршка за Србија.

20.00 Украинската амбасадорка во САД ја нарече Русија терористичка држава

Украинската амбасадорка во САД денеска ја повика владата на американскиот претседател Џо Бајден да воведе посилни санкции кон Москва и да и достави повеќе оружје на Украина, а Русија ја нарече „терористичка држава“.

Амбасадорката Оксана Маркарова во интервју за „Фокс њуз“ повтори дека Русија врши воени злосторства против цивили и уништува болници и училишта, додавајќи дека Украина, заедно со САД и другите земји, собира докази.

19:23 Трамп: Да ставиме кинески знамиња на нашите авиони и да ја бомбардираме Русија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп предложил САД едноставно да ги покријат борбените авиони со кинески знамиња и да ја нападнат Русија, велејќи дека тоа ќе ги наведе Русите и Кинезите да се борат меѓу себе.

 

19.10 Меѓународната агенција: Длабоко сме загрижени за нуклеарната централа што ја освоија Русите

„Украина ја информираше МААЕ дека редовен персонал работи во нуклеарната централа Запорожжја, но раководството на централата добива наредби од руските сили кои ја контролираат областа. Директорот на МААЕ е длабоко загрижен за најновите случувања“, објави МААЕ на Твитер.

18:45 Украински министер објави фотографија: Руска бомба од 500 килограми падна врз станбена зграда

„Оваа ужасна руска бомба од 500 килограми падна врз станбена зграда во Чернихив. Таа не експлодира, но многу други – да. Убија невини мажи, жени и деца. Помогнете ни да го заштитиме нашиот народ од руските варвари. Помогнете ни да го затвориме небото. Дајте ни борбени авиони. Направете нешто!“, напиша Кулеба.

18:41 Џонсон: Испраќаме повеќе оружје во Украина 

По телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Борис Џонсон ветил дека Велика Британија ќе испрати повеќе оружје во Украина за да се одбрани од руската инвазија, изјави портпаролот на кабинетот на Џонсон,  пренесува Би-би-си.

18:39 Уништен муралот на Путин во Белград

18:35 Блинкен рече дека Украинците имаат план за континуитет на власта дури и ако Зеленски биде убиен

Украинците имаат „план за континуитет на власта, што и да се случи“, дури и ако украинскиот претседател Володимир Зеленски биде убиен, изјави американскиот шеф на дипломатијата, Антони Блинкен како гостин на Си-Би-Ес.

18:30 Полскиот претседател ги смести украинските бегалци во пртседателските вили

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, на иницијатива на неговата сопруга Агата Корнхаузер-Дуда, ги смести украинските бегалци, кои ја напуштија својата земја поради руската агресија, во две претседателски вили, изјави денеска шефот на кабинетот на Дуда, Адам Квјатковски, пренесува Der Spiegel.

18:00  OН: Најмалку 364 цивили убиени во руската инвазија од кои 25 деца

Канцеларијата за човекови права на ОН ги ажурираше бројките на жртвите во руската инвазија на Украина. Најмалку 364 цивили, меѓу кои 25 деца, се убиени од 24 февруари, кога започна рускиот напад. Ранети се 759 цивили, соопштија ОН.

17:30 САД: Имаме информации за намерни руски напади врз цивили

Соединетите Држави виделе „многу веродостојни извештаи“ за намерни напади врз цивили, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен, велејќи дека САД ги документираат извештаите за потенцијална истрага за воени злосторства.

„Видовме многу веродостојни извештаи за намерни напади врз цивили кои може да претставуваат воено злосторство“, рече Блинкен во емисијата „Состојбата на Унијата“ на Си-Ен-Ен. „Исто така, видовме многу веродостојни извештаи за употреба на одредени видови оружје“, додаде тој.

17.00 Блинкен: Размислуваме за одлука да престанеме да купуваме руска нафта

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Вашингтон ја разгледува одлуката со сојузниците во Европа да престане да купува руска нафта.

Блинкен објасни дека за време на неговото патување во Европа разговарал со сојузниците во Европската унија и НАТО за тоа како да се зголеми притисокот врз Русија, пренесе Спутник.

16:49 Протест во Украина против инвазијата

Жителите на некои руски градови и села окупирани од Русите излегоа на улиците да протестираат против инвазијата, пренесува украинската агенција Интерфакс.

Во јужниот град Нова Каховка, речиси 2.000 луѓе протестираа против инвазијата носејќи украински знамиња и ги повикаа руските сили да си заминат, објави агенцијата, цитирајќи локални сведоци.

16.30 Зеленски: Ако не ни дадете авиони, сакате да не’ убијат

„Ние сме луѓе. Вашата хуманитарна должност е да не’ заштитите. Можете да го направите тоа. Ако не го направите или барем не ни дадете авиони да се заштитиме, постои само еден заклучок: Сакате да не’ убијат“.

16:00 Пожарот во нуклеарната централа беше провокација, му рекол Путин на Макрон

Рускиот претседател Владимир Путин неколку часа разговараше со францускиот претседател, Емануел Макрон, пришто обвини за обиди за провоцирање од страна на, како што рече,  украинските радикали околу нуклеарната централа.

Путин му рекол и на Макрон и дека Киев не се придржува до договорот за евакуација на цивили.

15:25 (Видео) Антивоен протест во Белград: „Слобда за Украина“

Во центарот на Белград се одржува антивоен собир за поддршка на Украина, а присутни се неколку стотици граѓани. Некои од нив носат украински знамиња и транспаренти „Stop Putin stop War“.

15:10 Папа Франциск: Конфликтот во Украина не е специјална воена операција, туку војна

„Во Украина течат реки од крв и солзи. Ова не е само воена операција, туку војна која води до смрт, уништување и беда“, рече папата во своето неделно обраќање пред насобраните верници на плоштадот Свети Петар во Рим, пренесоа британските медиуми.

14:55 Во Русија приведени повеќе од 2.000 демонстранти

14:20 Зеленски: Цивилниот аеродром западно од Киев е целосно уништен

Цивилниот аеродром во градот Винница, на околу 250 километри југозападно од Киев, е целосно уништен од руски проектили, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

14:00 Едоган повика на итен прекин на огнот, Путин му одговори дека прво Украина треба да престане да се бори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на итен прекин на огнот во Украина, за време на разговорите со рускиот колега Владимир Путин, кој е подготвен да го стори тоа само кога Украина ќе престане да се бори и ќе ги исполни руските барања.

13:40 Пропадна и денешниот обид за евакуирање на жителите на Мариупол

И денешниот обид да се организира хуманитарен коридор од Мариупол не успеа, а проруските сепаратисти и Украинската национална гарда меѓусебно се обвинуваат за кршење на привременото примирје.

Телевизијата „Украина 24“ прикажа борец на Националната гарда Азов, кој рече дека руските и проруските сили кои го опколиле пристанишниот град со околу 400.000 жители продолжиле да ги гранатираат областите кои требаше да бидат безбедни.

13:20 Зеленски предупреди дека Русите се подготвуваат за гранатирање на Одеса

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили се подготвуваат да ја бомбардираат Одеса, град на брегот на Црното Море на Украина.

„Ракети против Одеса? Ова ќе биде воено злосторство“, рече Зеленски во телевизиско обраќање.

Тој истакна дека не е доцна руските граѓани да се обидат да ја запрат оваа војна.

12:58 Украински службеник: Русите испраќаат авиони на југ, сакаат да не’ oтсечат од морето

Украински безбедносен претставник изјави дека Русија ги собира своите сили за да го опколи источниот град Днепар.

Официјалниот претставник додаде дека руската воена команда го фокусира своето внимание на јужниот фронт со цел да ја отсече Украина од Црното Море.

12:36 ОН: Стотици илјади луѓе се во движење, коридорите не се доволни

Повеќе од 1,5 милиони луѓе сега ја напуштиле Украина поради војната. Сите индикации укажуваат дека протокот на луѓе ќе се зголеми во наредните денови.

12:16 УНХЦР: Ова е најбрзо растечката бегалска криза во Европа по Втората светска војна 

Повеќе од 1,5 милиони бегалци од Украина се преселиле во соседните земји во последните десет дена, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Тоа е „најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна“, напиша на Твитер комесарот на ОН за бегалци Филипо Гранди.

12:00 Сепаратисти: 300 луѓе го напуштија Мариупол со хуманитарен коридор

Проруските сепаратисти велат дека првите 300 луѓе го напуштиле опколениот град Мариупол во југоисточна Украина за време на новиот обид за прекин на огнот. Информациите не може да се проверат, а украинските власти се’ уште не даваат никакви бројки.

11:38 Гранатиран пункт за евакуација на цивили во близина на Киев

Утрово беше гранатиран пункт за евакуација на цивили кои се обидуваа да побегнат од областа Ирпин западно од Киев. Меѓународните медиуми снимале на местото кога паднало нешто што личело на артилериска граната.

11.25 Во Молдавија пристигнале 250.000 бегалци од Украина

Молдавската претседателка Маја Санду рече дека повеќе од 250.000 бегалци се преселиле во источноевропската земја од Украина од почетокот на руската инвазија.

11:00 Зеленски до Украинците: Тргнете во офанзива онаму каде што непријателот напаѓа

Зеленски му се обрати на украинскиот народ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика Украинците да го продолжат отпорот, велејќи: „Украинци! Во сите наши градови каде што непријателот нападна, тргнете во офанзива. Излезете на улиците. Мора да се бориме секогаш кога ќе имаме можност. ”

10:52 Блинкен вети американска помош за Молдавија за згрижување на украинските бегалци

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Молдавија вети дека САД ќе и помогнат на оваа поранешна советска република, која е наклонета кон Западот, да се справи со приливот на бегалци од Украина.

Блинкен денеска се среќава со високи претставници на Молдавија кои бараат меѓународна помош за згрижување на повеќе од 120.000 бегалци од Украина и безбедносни гаранции од можна руска агресија.

10:30„Виза“ и „Мастеркард“ ги прекинаа операциите во Русија

„Принудени сме да дејствуваме по неиспровоцирана руска инвазија на Украина и неприфатливите настани на кои бевме сведоци“, рече Алфред Кели – претседател и извршен директор на американската компанија за дигитално плаќање „Виза“.

10:00 Потпретседателот на британската влада: Војната може да трае со години 

Војната во Украина би можела да трае со месеци, ако не и со години, изјави британскиот вицепремиер, Доминик Рааб за „Скај њуз“.

Тој рече дека сојузниците мора да покажат стратешка издржливост за да обезбедат неуспех на рускиот Владимир Путин.

09:30 Договорен е нов прекин на огнот во Мариупол

Цивилите ќе можат да го евакуираат градот по договорена рута од 12 часот по локално време. Сличен план беше објавен вчера, но набрзо пропадна поради бомбардирање.

09:20 Русија обвинува дека Украина подготвува нуклеарна бомба

Неименуван извор тврди дека Украина се приближува до создавање на нуклеарна „валкана бомба“, темелена на плутониум.

Веста ја пренесоа неколку руски медиуми, иако изворот не наведува докази за ваквото тврдење.

09:15 Украина тврди дека преговарачот Киреев загинал во специјална задача

Претходно медиумите јавија дека безбедносната служба на Украина го убила членот на својата делегација во преговорите бидејќи е руски шпион.

09:10 Џонсон претстави план за одговор на руската инвазија на Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика лидерите на државите да се приклучат кон неговиот план од шест точки како одговор на руската инвазија на Украина, кој предвидува хуманитарна поддршка за Украина, како и нанесување на најголема можна економска штета на Москва, пренесе Ројтерс.

09:05 Путин нареди да се состави список на земји кои и’ наметнаа санкции на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин вчера и’ нареди на владата да состави список на земји кои ја санкционираа Русија.

09.00 СЗО: Нападнати неколку болници во Украина

„Нападите врз здравствените установи или работници ја нарушуваат медицинската неутралност и претставуваат кршење на меѓународното хуманитарно право“,

08:40 (Видео) Русите срамнија со земја украинска фабрика за тенкови

На околу 140 километри од Киев е Житомир, а има и украинска фабрика за тенкови. На видеото кое го пренесе Си-Ен-Ен, кое вчера беше објавено на социјалните мрежи, се гледа како дел од фабриката за тенкови е срамнет со земја по нападот на руските сили.

08:20 Украинската војска објави извештај: Ги браниме Чернихив и Мариупол

Украинската војска го објави својот оперативен извештај, во 6 часот по локално време, истакнувајќи дека нејзините сили водат жестоки битки за одржување на одредени граници. Во тек е одбранбена операција во источниот дел на оперативната област Доњецк, а напорите се насочени кон одбрана на градот Мариупол, соопшти војската.

 08:00 Зеленски разговараше со Бајден

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден за безбедноста, финансиската поддршка за Украина и продолжувањето на санкциите против Русија.

„Како дел од постојаниот дијалог, имав уште еден разговор со претседателот“, објави Зеленски на Твитер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Остин: Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Објавено пред

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да ја прекине испораката на муниција за Израел е донесена поради израелските планови да изврши офанзива врз градот Рафах на југот на Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

„Од самиот почеток бевме многу јасни дека Израел не треба да започне голема офанзива во Рафах без да ја земе предвид заштитата на цивилите во областа. Откако ја преиспитавме ситуацијата, престанавме да испраќаме муниција во Израел“, рече тој на сослушувањето во Сенатот и потврди дека конечната одлука „што ќе се случи со таа пратка“ се уште не е донесена, пренесува Ројтерс.

Администрацијата на САД ја запре испораката на околу 3.500 бомби во Израел минатата недела поради загриженоста за најавената копнена офанзива на Рафах, објави претходно денеска Асошиејтед прес, повикувајќи се на неименуван претставник од администрацијата.

Овој функционер појаснил дека не е донесена конечна одлука за испораката на бомбите и дека во суспендираната пратка имало 1.800 бомби од по 900 килограми и 1.700 бомби со тежина од 226 килограми.

Во понеделникот, израелскиот воен кабинет одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафах за да „изведе воен притисок врз Хамас“, и покрај претходната најава на Хамас дека се согласува со египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот.

Прикажи повеќе...

Европа

Намалениот број на станови доведе до раст на кириите во Германија

Објавено пред

Растат кириите во Германија поради немањето станови во услови на високи градежни трошоци и кредити. Сето тоа го запре градежниот сектор и побарувачката, но и ги намали цените на квадратот, се вели во извештајот на здружението на банките.

dobivaj vesti na viber

Становите во Германија поевтиниле за 4,3 отсто во првиот квартал во однос на истиот период лани, објави здружението на германските банки„Pfandbrief“.

Цените за изнајмување на нови станови се зголемени за 5,6 отсто. Трендот на поскапување на кириите нема да запре, оценуваат од здружението.

„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на здружението, Јенс Толкмит.

Трошоците за изградба значително се зголемија во последните години поради повисоките каматни стапки на кредитите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во вакви услови се намали бројот на одобренија за градба, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, смета министерот за финансии.

Според податоците на здружението на банките, цените на недвижностите најмногу паднале во Минхен, за 5,3 отсто.

Во исто време, падот на градежната активност го продлабочува „недостигот“ на станови, зголемувајќи го натамошниот раст на закупнината, кој би можел да продолжи уште некое време.

Здружението оценува дека цените на станбените недвижности треба да се стабилизираат во догледна иднина, за разлика од комерцијалните недвижности, како што се деловните згради и трговските центри.

Цените во тој сегмент паднаа за речиси 10 проценти на годишно ниво и се уште не се гледа „дното“, вели првиот човек на здружението.

Проценките се базираат на податоци за работењето на повеќе од 700 банки кои се активни во финансирањето на недвижен имот, а не на понуди за купување и изнајмување кои служат како основа за Заводот за статистика, забележуваат тие во здружението.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Објавено пред

Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.

dobivaj vesti na viber

Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.

Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.

Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.

„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

ДУИ очекува над 20 пратеници: „Имаме повеќе од 30.000 гласови предност пред опозицијата“

Од 50 отсто изборјано гласачки ливчиња, имаме над 30.000 гласови разлика пред „Вреди“, изјави Шефот на Изборниот штаб на Европскиот...

Македонија28 минути

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија48 минути

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија1 час

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...

Македонија2 часа

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија2 часа

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија2 часа

(Видео) Џафери не го поддржа бојкотот на Артан Груби: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше...

Македонија2 часа

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија2 часа

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија2 часа

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија2 часа

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...

Македонија3 часа

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија5 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија6 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија8 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија9 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија9 часа

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2.080 избирачки места, за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ11 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија11 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ12 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...