Свет
Папата смета дека жените никогаш нема да станат свештеници
Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск во вторникот, на празникот Сите Свети, изјави дека верува оти забраната за ракоположување на жените во Католичката црква е трајна и оти нема да се менува, во една од своите најпрецизни изјави по ова прашање.
Оваа изјава папата Франциск ја дал во разговорот со новинарите во папскиот авион, кои ја следеа неговата посета во Шведска на враќањето во Рим, што стана традиција при неговите враќања од патувањата во Италија, пренесува агенцијата Ansa.
Во текот на оваа своевидна прес-конференција, шведска новинарка истакнала дека челничката на Лутеранската црква којашто на папата во Шведска му приреди добредојде била жена. и го запрашала дали смета оти Католичката црква во следните децении би можела да дозволи произведување на жените во свештеници
„Светиот папа Јован Павле Втори последен јасно проговори за тоа и зборот ‘не’ уште останува на сила, уште важи“, истакнал понтификот. Притоа ја појаснил разликата меѓу епископската традиција на апостолот Павле и „мајчинската“ линија на Марија во однос на жените „коишто многу нешта може да направат подобро од мажите, вклучително и на догматски план“.
Христијанството учи дека жените не можат да бидат свештенички, бидејќи Исус Христос само мажите ги избрал за апостоли. Оние, пак, кои сакаат жените да може да станат свештеници, истакнуваа дека Исус „само се поведувал по обичаите на своето време“.
Новинарката инсистирала и повторно го прашала:„Но зарем баш засекогаш? Никогаш, никогаш?“. Папата одговорил „Доколку внимателно ја читаме изјавата на Јован Павле Втори, таа оди во таа насока“, пренесува Reuters.
Папата и претходно изјавуваше дека жените немаат пристап во свештенството, но заговорниците за произведување на жените во свештеници се надеваат дека некој папа во иднина можеби ќе ја промени одлуката, особено тврдејќи дека во светот недостигаат свештеници.
Папата Франциск говорел и за миграциите, при што истакнал дека „Не треба да се плашиме од имигрантите, бидејќи Европа е изградена преку постојана интеграција на културите“.
„Како латиноамериканец, како Аргентинец, благодарен сум ѝ на Шведска која им даде засолниште на многу мигранти“, признал папата.
Одговарајќи на прашањето за своите натамошни патувања во странство, римскиот првосвештеник рекол дека програмата за посети во текот на 2017 година уште не е направана. Во план се посети на Индија и Бангладеш, но термините не се дефинирани./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.