Регион
Бугарија пред нови избори, и Нинова не успеа да формира влада

Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, го врати неисполнетиот третиот мандат за формирање влада една недела по преземањето.
„Направивме сè што е потребно за да го исполниме третиот мандат, донесовме важни задачи за редовна влада и парламент – шенген, буџет за 2023 година и реформи во правосудството. Ги поканивме сите страни на разговор. Стана јасно дека нема договор и мнозинство за формирање влада, затоа го враќам третиот мандат“, рече Нинова, пренесе „Бгнес“.
„Ви честитам за напорите. Очигледно, не е најдено решение во оваа политичка ситуација, посакувам успех на парламентарните избори“, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев.
Тој ја поканил Централната изборна комисија да даде повеќе информации за подготвеноста за претстојните избори и врз основа на овие информации да донесе одлука за распуштање на 48. Национално собрание и датум за следните избори во земјата.
Ова беше последна можност да се создаде влада во рамките на 48. Народно собрание според Уставот по пропаднатите два обида за формирање редовен кабинет.
Во првиот мандат доделен на ГЕРБ-СДС, кандидатот за премиер, проф. Николај Габровски, собра само 115 гласа за поддршка, а 125 пратеници гласаа против. По неуспехот на ГЕРБ-СДС да формира влада, ПГ на „Продолжуваме со промените“ ја изнесе кандидатурата за премиер на академик Николај Денков, кој ги повика сите партии на разговори за формирање влада. ПП подготви декларација со заеднички приоритети, која собра само 63 гласа за поддршка во пленарната сала. Една недела подоцна, ПП му го врати неостварениот втор мандат на претседателот Радев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Сплит казната за одење во костим за капење на улица и пиење алкохол на јавно место е 150 евра

На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред во која се пропишани повисоки казни за прекршителите, па може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, бидејќи доколку бидат фатени по комунален ред ќе им следува казна од 150 евра, известуваат хрватските медиуми.
Истата казна од 150 евра е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице.
Жителите на Сплит и нивните гости по улиците ќе ги надгледуваат 21 комунален редар, а уште 12 ќе чекаат на повик во зградата на градската управа.
Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комунален ред, а минатата година првите разголени туристи платија општински казни од 1.000 куни.
Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила од новата година.
Регион
Хорор во Хрватска: Пациентка со нож избоде познат психијатар

Психијатарот Елвира Коиќ беше повредена во саботата попладне во својата канцеларија во Вировитица кога 37-годишна пациентка ја нападна и ја избоде со нож, пишуваат хрватските медиуми.
Докторката е пренесена во Општата болница Вировитица, каде што е на лекување, а според информациите, нејзиниот живот не е во животна опасност. Пациентката е уапсенa.
Елвира Којиќ е познат психијатар во Хрватска, којa голем дел од својата кариера посветила на работата со хрватските бранители кои страдаат од пострауматско стресно растројство, пренесува „Вечерњи лист“.
Регион
Курти: Не добив соодветни аргументи за формирање за Заедницата на српските општини

Косовскиот премиер Аљбин Курти смета дека европскиот предлог е добра основа за договор со Србија и дека е подготвен да разговара за договорите постигнати во Брисел, но рече дека не добил соодветни аргументи за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО).
Курти рече дека „не смета дека е неопходно да се создаде ЗСО, но оти е подготвен за дискусии за правата на немнозинските заедници“.
Откако го видел француско-германскиот предлог, вели тој, оттогаш преговараат за постигнување договор.