Контакт

Регион

Грција нема веќе да испраќа оружје во Украина

Објавено пред

Грција објави дека повеќе нема да ја снабдува Украина со оружје, пренесува рускиот портал „Севодња“ на својата сметка на „Телеграм“.

dobivaj vesti na viber

Според министерот за одбрана, Никос Панајопулос, испраќањето големи количини оружје во Украина може да ја намали одбраната на Грција, особено на островите.

Грција претходно испрати два транспортни авиона во Украина со воена помош. Пратката вклучувала и автомати „калашников“, пренослив противвоздушен ракетен систем…

Регион

Се запалија вагони на централната станица во Загреб

Објавено пред

Пожар избувна утрово на централната железничка станица во Загреб, при што нема повредени, соопштија полицијата и пожарникарите, кои набрзо го спречија ширењето на пожарот.

dobivaj vesti na viber

Полицијата околу 8.50 часот добила пријава за пожар на Главната железничка станица.

Како што пренесе „Индекс“, од полицијата истакнале дека според досега собраните информации пожарот избил на два некористени вагони.

За околу половина час било запрено ширењето на пламените јазици.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ и Путин денеска ќе разговараат за цената на гасот

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска телефонски ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Минатата недела Вучиќ најави дека разговорот ќе започне во 11 часот.

Тој во последните денови рече дека три работи му се важни во разговорот со неговиот руски колега – количината на гас, цената на гасот и безбедноста на снабдувањето.

Според претседателот на Србија, покрај договорот за гас ќе се разговара и за соработката и за сите други прашања.

Вучиќ претходно изјави дека верува оти Србија „ќе добие фер цена за гасот од своите руски партнери“.

„Се надевам дека разговорот ќе биде добар и коректен“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Димитров: Северна Македонија е генетски поврзана со Србија и Русија

Објавено пред

Проблемот со европската интеграција на Северна Македонија не е централен за бугарскиот политички државен поредок. Формално, секоја влада носи одлуки во надворешната политика.

dobivaj vesti na viber

Ова за БНР го изјави Ангел Димитров, копретседател на Заедничката бугарско-македонска комисија за историски и образовни прашања од бугарската страна. Тој цени дека нема потреба да се свикува Советот за национална безбедност на оваа тема, бидејќи, како што вели, топката не треба постојано да се префрла од една во друга институција, објави БГНЕС.

Според него, Северна Македонија го прифаќа билатералниот договор за пријателство и добрососедство како формален чин, како билет за ЕУ, а не како цврста политичка определба.

„Не треба да живееме со идејата за мимикрија на активност, за лажни сигнали дека нешто се случува кога нема резултати“, додаде тој. Според Димитров, зад избрзаните постапки на бугарскиот премиер Кирил Петков со еуфоричното убедување дека може да се одврзе комплексен јазол, очигледно стојат акции кои остануваат јавно непознати, а тоа создава тензија кај бугарското општество.

Тој нагласи дека нема ништо заедничко меѓу позицијата на Бугарија и руските интереси, а тезата е несериозна и непријатна.

„РСМ има држава која е генетски поврзана со Србија и Русија. И не може или не сака да им сврти грб. Затоа, навестувањата за бугарска позиција во служба на Русија или Србија се апсурдни. Бугарија силно ја поддржа евроатлантската интеграција на Северна Македонија за да и помогне да излезе од старата југословенска комунистичка орбита. Треба да се биде внимателен со вакви евтини политички мантри кои ја дискредитираат нашата земја“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Вучиќ и Путин денеска ќе разговараат за цената на гасот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска телефонски ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин. Минатата недела Вучиќ најави дека...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да ја поддржи интерпелацијата што ќе ја поднесат за Талат Џафери

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието на Македонија заради недоличното однесување, сите...

Свет3 часа

Нови детали за масакрот во Тексас: Отворена истрага поради доцненењето на полицијата

Истражителите во Тексас ќе се обидат да утврдат кои критични грешки биле направени како одговор на смртоносното пукање во училиште...

Свет3 часа

Зеленски: Ослободувањето на Украина е прашање на време, ќе имаме повеќе оружје од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање рече дека ослободувањето на Украина е се поблиску секој ден и дека...

Свет3 часа

Украина: Продолжуваат борбите во Северодонецк

Борбите за источниот украински град Северодонецк продолжуваат, а руските сили вршат напади, тврди Генералштабот на вооружените сили на Украина. „Со...

Спорт11 час

Куртоа се радува за трофејот, а жали за пропуштена веселба: Жал ми е свадбата на брат ми

Тибо Куртоа, херојот на Реал Мадрид, даде неверојатна изјава по финалето и освоениот пехар во ЛШ. Се радува на големиот...

Регион15 часа

Димитров: Северна Македонија е генетски поврзана со Србија и Русија

Проблемот со европската интеграција на Северна Македонија не е централен за бугарскиот политички државен поредок. Формално, секоја влада носи одлуки...

Свет17 часа

Украинскиот премиер ја објави штетата што Украина ја претрпела од почетокот на војната

Украинскиот премиер Денис Шмигаљ изјави дека руската инвазија на неговата земја уништила повеќе од 25.000 километри патишта, неколку стотици мостови...

Македонија19 часа

ЦУК апелира на внимателност поради силно локално невреме и можни опасни порои во текот на викендот

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира и препорачува на граѓаните...

Свет22 часа

(Видео) Русите повторно тестираа „Циркон“

Русија успешно ја тестираше хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, додавајќи дека проектилот прелетал околу 1.000...

Македонија1 ден

Руската црква: Му благодариме на Бога што ја прекина долгогодишната раздвоеност меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква

Светиот синод на Руската православна црква (РПЦ) го поздрави враќањето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во единство со Српската...

Македонија1 ден

Наталитетот зголемен, од почетокот на годината склучени помалку бракови во споредба со лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од оваа година, живородени се 4.009 деца и во споредба...

Топ1 ден

Веднаш откако бил осуден за семејно насилство, скопјанец ја нападнал поранешната сопруга во близина на судот

На паркинг во близина на кривичниот суд, скопјанец физички ја нападнал неговата поранешна вонбрачна сопруга веднаш откако бил осуден за...

Свет1 ден

Зеленски: Донбас ќе биде наш, иако ситуацијата е многу тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија греши ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини. „Донбас ќе...

Свет1 ден

„Си-ен-ен“: Вашингтон ќе вклучи ракетни системи со долг дострел во испораките на оружје за Украина

Вашингтон има намера да вклучи ракетни системи со долг дострел во вооружената помош за Украина, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на...

Свет1 ден

Украина негира дека во нејзина нуклерна централа биле пронајдени големи количества на плутониум

Украинскиот нуклеарен инспекторат ја обвини Меѓународната агенција за атомска енергија дека подлегнала на руската пропаганда и побара поддршка за барањето...

Македонија2 дена

Притвор за осомничените за продажба на парцели за “ЕВН електрани”

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение...

Регион2 дена

Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот...

Свет2 дена

Русија тврди: Американската војска ослободи мајмунски сипаници од своите лаборатории

Мајмунската сипаница е увезена од Нигерија, каде што работат најмалку четири американски биолошки лаборатории, изјави Игор Кирилов, началник на силите...

Европа2 дена

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. – Предноста на интеграцискиот курс сега е...