Контакт

Регион

Евакуирани 30 лица, 17 спасени: вонредна состојба поради снег во пет општини во Србија

Објавено пред

Вонредна состојба од вчера има во Ивањица, Бабушница, Нов Варош, делови од Врање, а од утрово и во Црна Трава во Србија, каде што ите планини се под снег.

dobivaj vesti na viber

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека патните правци што се приоритетни се проодни, но дека на некои патни правци има и до 10 сантиметри снег.

Непроодни се патиштата во Црна Трава, Сјеница, Тутин и Бабушница, а проодни се приодите кон зимските туристички центри.

Вонредна состојба има во Сјеница и Врањска Бања, а слична е состојбата и во Нова Варош и Црна Трава.

Најтешко е во областа Приепоље, Сјеница и Ивањица. Екипите задолжени за чистење на патиштата и „Електродистрибуција Србија“ се на терен.

Милош Миленковиќ, помошник на началникот на Дирекцијата за противпожарна и спасувачка единица на Секторот за вонредни состојби од Србија, гостувајќи во Утринската програма на РТС, изјави: „Ситуацијата се смирува, но сè уште сме во целосна готовност и подготвени да реагираме“, вели Миленковиќ посочувајќи дека во текот на претходните два дена имале вкупно 31 интервенција на територијата на целата држава, како и дека евакуирани се 30, а спасени се 17 лица.

Тој исто така ги повика граѓаните да ја проверат проодноста на патните правци и да не се потпираат на апликации што водат до одредени локации.

„И поради помалото количество снег, луѓето може да останат завеани“, предупредува Миленковиќ.

Регион

Вучиќ од Тирана: Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет.

dobivaj vesti na viber

„Денеска, не ѝ е лесно на Украина, а ние немаме ништо против Украина, тие не го признаа Косово. Реков дека Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет. За нас, важно е да имаме добри односи со Украина“, рече претседателот.

Тој потсети дека евентуалната поинаква одлука на Украина во однос на Косово ќе има многу сериозно влијание врз најмалку две европски земји.

„Верувам дека ќе продолжиме да градиме пријателски односи со Украина и почитувајќи ја одлуката на Советот за национална безбедност пред две години, ќе опстоиме на политиката на пријателство кон другите актери од истокот на Европа, вклучително и Руската Федерација“, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија, Вучиќ, во Тирана учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и лидерите на 13 европски земји и претставници на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватска ја повлекува чоколадата Милка

Објавено пред

Како мерка на претпазливост, компанијата „Mondelēz International“ го повлекува својот производ Milka Oreo Bar (37g) од хрватскиот пазар поради можно присуство на мало парче пластика.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува понатаму, ниту еден друг производ на споменатата компанија, ниту некој друг производ од палетата на брендовите Милка и ОРЕО, не бил засегнат со овој случај.

Станува збор за производ Milka Oreo Bar (37g), со рок на употреба до 18.08.2024 година, а на пакувањето е испечатен специфичниот ЛОТ број OSK0934652.

Компанијата ги повикува сите потрошувачи кои го купиле овој производ на хрватскиот пазар да не го консумираат, туку да се обратат во продавницата од каде што е купен производот со приложената сметка за враќање на средствата.

Прикажи повеќе...

Регион

Испукал 10 куршуми од автоматска пушка кон Мустафа, па бил уапсен додека бегал со тротинет: нови детали за убиството во Бар

Објавено пред

Црногорската полиција соопшти дека утринава во Бар го уапсила Дино Ибрахимовиќ (28), кој е осомничен за бруталното убиство на Едмонд Мустафа (29), за кој се верува дека е член на организираната криминална група Шкаљари.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти и дека осомничениот, откога испукал десетина истрели, побегнал од местото на злосторството.

„Во исклучително кус временски период, а врз основа на описот на сторителот на кривичното дело, ефикасната реакција на службениците на Регионалниот центар за безбедност ‘Југ’ и ефективното и навремено поставување на службата, осомничениот Д. И. е спречен да побегне и е лишен од слобода. Во таа пригода управувал електричен тротинет и носел кацига“, соопшти полицијата.

Од таму додаваат дека, според оперативните сознанија, двете лица се членови на криминална група, која дејствувала на црногорското крајбрежје.

„Покрај тоа, Д. И. веќе се бара на меѓународно ниво – по него е распишана меѓународна потерница од земја со која правосудните органи на Црна Гора немаат потпишано договор за екстрадиција“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Прегазен пешак во Неготино, мажот починал на местото на несреќата

Денеска во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило...

Топ3 часа

52-годишна жена починала во охридската болница, била примена во тешка состојба

На 27.2.2024, во 16.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Охрид во тешка здравствена состојба...

Македонија4 часа

Пендаровски од Тирана: Мора да ветиме дека и натаму ќе ѝ даваме поддршка на Украина, досега имаме испорачано помош во вредност од 60 милиони евра

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на пленарната сесија на самитот Украина – Југоисточна Европа, кој се одржува во Тирана,...

Македонија4 часа

Уставниот суд го укина делот националност во матичните книги: „Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот“

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука, со која се укинува делот националност во три члена од матичните книга на...

Економија6 часа

Од задутре нема повеќе гарантирани цени во маркетите, секое нелогично зголемување ќе биде санкционирано, порача Битиќи

Од задутре нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Но, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, порача дека секое...

Македонија7 часа

Ванковска поблиску до претседателска кандидатура, собра 7.876 потписи, Јакимовски досега има 6.676

Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, досега има собрано 7.876 од потребните 10.000 потписи за претседателската...

Топ8 часа

Три лица повредени во сообраќајната несреќа на патот Росоман – Кавадарци

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот Росоман-Кавадарци. Две oд...

Македонија9 часа

Законот за пасошите, законот за игрите на среќа и изборот на член на ДИК на дневен ред во Собранието

Денес на дневен ред на седница на Собранието се измените на Законот за патни исправи. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие...

Македонија9 часа

Владата донесе одлука за приоритетно издавање пасоши за сите професионални возачи

Владата, синоќа на седница донесе одлука со којашто на професионалните возачи кои поседуваат валиден сертификат, Министерството за внатрешни работи треба...

Македонија9 часа

Вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од овој месец ќе добиваат повисоки плати

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за известување за склучен Колективен договор на Сојузот на синдикати на вработените на...

Македонија9 часа

Земјотрес во Албанија, почувствуван во Дебар и околината

Земјотрес синоќа во 23 часот и 37 минути ја погоди Албанија. Потресот бил со рихтерова магнитуда од 3,2 степени, на...

Македонија21 час

Демири: Ќе разговарам со семејството на Леонид Индов за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација

Министерот за здравство д-р Илир Демири информира дека на денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто...

Македонија22 часа

Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател. „Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател!...

Македонија22 часа

Таравари влегува во трка за претседател, собра 10.000 потписи

Кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, е вториот од вкупно единаесетте кандидати кој досега успеа да ги собере...

Македонија1 ден

Македонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат со личните карти со старото име во БиХ, информира Бојмацалиев

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ,...

Македонија1 ден

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација...

Македонија1 ден

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија1 ден

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде својот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите, како што вели,...

Македонија1 ден

Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Скопското обвинителство изврши увид на самото место во близина на Блаце, каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на маж...

Македонија1 ден

Вчерашното убиство е продолжение на крвавата наркопресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија....