Регион
Несторовиќ: Ова е нов вид коронавирус што ги напаѓа младите
„Многу млади луѓе имаат пневмонија, иако не беше така во март, април, мај, вирусот предизвикува тешка пневмонија и ги напаѓа помладите луѓе, како да не е истиот вирус. Мене ова ми се чини како нов вид коронавирус“, рече српскиот пулмолог д-р Бранимир Несторовиќ.
„Некако помина незабележано дека овој вирус ги напаѓа мозокот, бубрезите, тестисите … Ова е единствениот респираторен вирус кој ги напаѓа тестисите. Ќе видиме како ќе реагираат на ова младите луѓе кои се заразиле со вирусот … Никогаш не сум видел ваков вирус“, изјави Несторовиќ.
„Ние овде доста добро поминавме, и финансиски, немаше немири. Сепак, ова беше страшен стрес. Имам впечаток дека луѓето се незадоволни што починале 270 луѓе“, смета Несторовиќ.
Словените и Германците одлично поминаа, ние сме прилично отпорни на овој вирус, вели д-р Несторовиќ. Генетиката исто така игра голема улога. Доказ дека сме најстара нација во Европа е PH-негативност. Бевме резистентни и на сида. Оние нации кои страдале многу од туберкулоза, се чини дека се отпорни на сида. Вирусите сами по себе не се опасни за нас, тие се опасни за поедини луѓе.
„Навистина мислам дека сме на крај, но кога ме прашаа кога ќе ја одјавиме епидемијата, реков веројатно никогаш. Секогаш ќе има по некој индивидуален случај. Луѓето живеат нормално. Можеби и не е лошо што се случи ова, и младите луѓе се разболеа, па претпоставувам дека конечно ќе почнат да ги почитувааат мерките, а не да лудуваат“, рече на крајот Несторовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.