Контакт

Регион

Новата премиерка на Србија ќе ги праќа министрите на „училиште“

Објавено пред

Мандаторката за нова влада на Србија, Ана Брнабиќ во интервју за ТВ Пинк порача дека сите раководители на единиците на локалната самоуправа, државните
претставници, па дури и министрите треба да присуствуваат на предавања во Националната академија за јавна администрација.

       – Конечно пресековме што ќе правиме со Националната академија за јавна администрација. Таа ќе функционира во рамките на Министерството за јавна администрација и локална самоуправа, и неа ќе треба да ја посетуваат и министрите“, изјави Брнабиќ. Според неа, министрите треба да знаат како да делуваат во меѓународната заедница.

Брнабиќ најави континуитет со претходната влада, која, како што оцени, носела храбри одлуки.

         “Мој приоритет ќе биде растот на БДП, склучување на седмиот аранжман со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), подобрување на позицијата на Србија на Дуинг бизнис листата, бидејќи тоа ги покажува на реформите во различни области, како и ефикасно управување”, рече таа.
      
        “Ефектот на тешките реформи ќе биде видлив во 2019 година, преку повеќе работни места, зголемување на куповната моќ … Се надевам дека мене како премиерот ми останаа добри вести”, додаде Брнабиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Уапсени двајца Срби на изборниот ден во Косово поради сомнеж дека влијаеле врз гласачи

Објавено пред

Косовската полиција за време на изборниот ден привела две лица во селото Гораждевец поради сомневање за влијание врз гласачи, јавија српските медиуми.

Радио Гораждевец објави дека станува збор за Р. З. и М. Д., а по налог на надлежните органи бил извршен претрес на нивните семејни куќи за прибирање докази.

Истражните органи испитуваат сомневања дека приведените вршеле недозволено влијание врз гласачи.

Социјалистичката партија на Србија (СПС) преку соопштение најостро го осуди „денешното апсење во Гораждевец“ на угледниот домаќин и официјален претставник на тоа српско село – М. Д.

Во соопштението стои дека заедно со него бил приведен и Р. З., кој е еден од значајните српски претставници во овој крај.

СПС оцени дека тоа претставува „најгрубо кршење на човековите права од страна на (премиерот на Косово Албин) Курти“, и дека уште еднаш се покажува дека Србите немаат ни најосновни права.

„Особено загрижува што денес се одржуваат избори и дека ова е очигледен обид за заплашување на приврзаниците на Српска листа (која има поддршка од официјален Белград)“, стои во соопштението.

СПС, коалициски партнер во владата во Белград, побара од меѓународните сили „итно да реагираат и да ги применуваат одредбите од Резолуцијата на СБ на ОН 1244“.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

Објавено пред

Првичните резултати од денешните парламентарни избори во Косово повторно покажуваат убедливо водство на „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти.

Според првичните резултати движењето „Самоопределување“ на  Курти има околу 42,3% од гласовите. На второ место е Демократската партија на Косово (ПДК) со приближно 21,6%, а потоа следи Демократската лига на Косово (ЛДК) со околу 17,3%. Алијансата за иднината на Косово (ААК) и другите партии остануваат под 8%.

Иако Курти повторно ја обезбедува првата позиција, резултатите не се доволни за самостојно формирање влада, па косовските медиуми јавуваат дека следуваат преговори за коалиција. Официјалните резултати се очекуваат во наредните денови.

Ова беа трети парламентарни избори во Косово за 18 месеци. Курти победи и на претходните избори, но не успеа да се договори за претседател на собранието па тоа беше распуштено во април годинава.

Фото: Депозитотос

Прикажи повеќе...

Регион

Денес избори во Косово третпат за 18 месеци, граѓаните пак избираат пратеници

Објавено пред

Граѓаните на Косово денеска повторно излегуваат на  парламентарни избори, третпат во последните 18 месеци, откога ниту една партија не успеа да обезбеди доволно силно мнозинство за да се стави крај на политичката криза во земјата.

Косово е без функционална влада изминатата година, бидејќи парламентот не успеа да избере претседател.

И на овие избори анализите покажуваат победа на Самоопределување на актуелниот премиер Албин Курти кој победи и на последните избори во декември, минатата година, но не постигна договор со останатите партии за функцијата претседател на парламентот, кој беше распуштен во април годинава.

Косовската изборна комисија објави дека повеќе од 900 кандидати од 17 партии и три коалициски блока се натпреваруваат за 120 места во парламентот, а регистрирани се околу 2,1 милиони гласачи од кои 1,6 се резиденти, а останатите се дијаспора.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Најмалку десет мигранти загинаа при превртување на брод кај Малта

Најмалку десет лица загинаа откако брод со мигранти се преврте во близина на Малта, потврди италијанската крајбрежна стража. Според властите,...

Свет6 минути

Трамп: Нетанјаху нема да има избор, ќе мора да прифати каков било договор со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да има друг избор освен да прифати каков било договор што САД ќе го преговараат...

Забава32 минути

(Фото/Видео) Не може да се одвои од својата девојка: Бред Пит не ги крие своите емоции дури ни пред милиони луѓе

Холивудскиот актер Бред Пит (62) и неговата девојка Инес де Рамон (33) се појавија заедно на женското финале на Ролан...

Култура39 минути

Поетот Христо Петрески освои престистижна награда во Црна Гора

На Меѓународниот поетски фестивал Брегот на поетите во Даниловград (Црна Гора), македонскиот поет Христо Петрески ја освои највисоката и единствената...

Македонија42 минути

Делови од Бутел и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците...

Забава45 минути

Проблеми за некои, големи промени за други: За хороскопските знаци, ова ќе бидат најпредизвикувачките датуми во јуни

Јуни 2026 година ќе донесе многу можности за напредок, нови познанства и прекрасни летни моменти, но според астролошките толкувања, неколку...

Забава48 минути

(Видео) Се ожени Саша Ковачевиќ: Крунисување на децениска љубов на интимна церемонија

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ ѝ предложи брак на својата долгогодишна девојка Зорана Тасовац минатата година, а потоа дојде прекрасната вест...

Свет1 час

Израел ги затвора граничните премини кон Газа: „Имаат доволно храна“

Израелската владина агенција COGAT објави дека ги затвора премините Рафа и Керем Шалом кон Газа до понатамошно известување. Агенцијата додаде...

Свет1 час

Амбасадор: Израелската војска ги погоди иранските места за лансирање ракети и инфраструктура

Израелската војска ги погоди иранските места за лансирање ракети земја-земја и инфраструктурата што не се поврзани со енергетскиот сектор, изјави...