Контакт

Регион

Потврден куќниот притвор за поранешниот албански министер осомничен за шверц на дрога

Објавено пред

Судот за тешки кривични дела во Тирана денеска ја потврди мерката куќен притвор за поранешниот албански министер за внатрешни работи, Саимир Тахири.

Судот не го прифати барањето на одбраната на Tахири тој да се брани од слобода бидејќи, како што соопшти преставник на судот, постои опасност Тахири да влијае врз одредени лица што се битни за истрагата за неговата вмешаност во групата за шверц со дрога.

Тахири според истиот извор ги отфрлил обвинувањата на Јавното обвинителство дека тој е поврзан со најголемата група за шверц со дрога, семејството Хабилај. Обвинителството потврдило дека постојат силни аргументи оти ексминистерот во владата на Еди Рама е вмешан во голем шверц со дрога, при што за одредени зделки бил користен и неговиот службен автомобил.

Семејството Хабилај е обвинето дека ја има организирано најголемата шверцверска група во Албанија, која пренесувала дрога не само во земјата туку и кон Италија и Грција, нагласуваат албанските медиуми повикувајќи се на извори на Обвинителството.

Саимир Тахири деновиве го вратил и мандатот како пратеник од Социјалистичката партија во Собранието, така што сега е без имунитет.

К. М.

Регион

Атина: Иранскиот танкер не бара пристап до грчките пристаништа

Објавено пред

Министерството за надворешни работи на Грција внимателно гиоследи развојот на настаните околу иранскиот танкер што плови кон грчките води откако беше ослободен во Гибралтар, соопштија дипломатски извори од Атина.

Иранскиот танкер не достави официјално барање за влез во ниту едно грчко пристаниште, пренесува АНА.

Прикажи повеќе...

Регион

Албанија бележи раст на извозот на стоки на косовската територија

Објавено пред

Албанија е земја со најголем раст на извозот на косовската територија во првите седум месеци од оваа година откако Приштина во ноември минатата година воведе 100 отсто зголемени такси на производите од Србија и БиХ.

Приштинска „Коха“ известува дека, според албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ), Албанија во тој период извезувала стока во вредност од 143,4 милиони евра во Косово во споредба со 115,3 милиони евра, колку што извезувала во истиот период минатата година, што е пораст од 24,4 проценти.

Албанија забележа зголемување на извозот на стоки во Косово во јули.

Во исто време, се вели, пласманот на косовската стока на албанскиот пазар опадна во првите седум месеци од оваа година, како и минатиот месец.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Грција се запали едрилица со туристи од Израел, сите се спасени

Објавено пред

Припадниците на грчката крајбрежна стража спасија седум туристи од Израел чија едрилица се запали на морето кај Пелопонез.

Едрилицата на која избувна пожарот се запалила јужно од Ермиони, пренесе агенцијата АНА додавајќи дека сите израелски туристи се добро.

Ермиони е мало место на источниот брег на Пелопонез.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија2 часа

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија3 часа

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија4 часа

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Македонија4 часа

(Видео) Јанева со адвокат дојде на распит кај Русковска

Катица Јанева пристигна во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Пред да влезе со адвокатот Стеван Павлески,...

Свет4 часа

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет4 часа

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет4 часа

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет5 часа

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија5 часа

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион17 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет17 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион18 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа18 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ20 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ22 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија23 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија24 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија1 ден

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ1 ден

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Досие