Регион
Протест против дискриминацијата на кирилицата во Црна Гора
Oфицијалниот претставник на партијата Нова српска демократија, Будимир Алексиќ, објави дека во понеделник пред Министерството за образование во Црна Гора ќе одржи протест против дискриминацијата на граѓаните кои зборуваат српски јазик и користат кирилско писмо.
Алексиќ вели дека оние кои на крајот на годината сакаат да ги имаат своите сертификати печатени на кирилица се соочуваат со проблем.
Наспроти тоа, владата на Црна Гора усвои измени и дополнувањата на Законот за високото образование, со кои основните и магистерски студии за сите студенти на универзитетот во Црна Гора, кои се школуваат според реформиран модел, ќе бидат бесплатни. Министерот за образование, Дамир Шеховиќ, рече дека со усвојувањето на овој предлог-закон се создаваат услови за висок квалитет на образованието во Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
