Регион
Словенија дозволи склопување на истополови бракови
Словенија одобри истополови бракови по законот кој на истополовите парови воглавно им дава исти права како и на хетеросексуалните, но без правото да посвојуваат деца, пренесува N1.
Директорот на матичната служба во Марибор, Ксенија Клампфер изјавила дека првиот истополов брак во тој град ќе биде склопен во сабота, на 25-ти февруари.
Законот за истополовите бракови беше усвоен пред десет месеци, бидејќи на референдумот одржан во декември 2015-та година беше отфрлена можноста геј паровите да имаат право да посовјуваат деца.
Градските преставници во Љубљана изјавиле дека ниеден истополов брак досега не е регистриран во словенечката престолнина./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Поплавата во БиХ однесе куќа, само скалите и оградата останаа недопрени
Во селото Трусина во БиХ поплавите предизвикаа големи штети. Ситуацијата сега е стабилизирана, но за да се санираат последиците од штетите ќе бидат потребни месеци.
Екипата на Дневни аваз снимила страшни сцени, каде куќата ја однела поплавата. Од него останаа само скалите и оградата.
Според граѓаните, во ова село имало и загинати, но се уште нема официјална потврда за ваквата информација.
Регион
Колинда: Повикувам на итна меѓународна помош за Босна и Херцеговина
Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на Фејсбук повика на итна меѓународна помош за Босна и Херцеговина поради поплавите.
„Искрено сочувство до семејствата на жртвите од тешката природна катастрофа во Босна и Херцеговина, со надеж дека ситуацијата ќе се смири што поскоро, а исчезнатите ќе бидат пронајдени живи. Во знак на солидарност со БиХ, повикувам на итна меѓународна помош за соседната земја и погодените подрачја“, објави Грабар-Китаровиќ на Фејсбук.
„Моите мисли се со семејствата кои минуваат низ огромна болка поради загубата на нивните најблиски во оваа трагедија. Ние стоиме со народот на Босна и Херцеговина во целосна солидарност, повикувајќи на брза и ефикасна меѓународна помош за да се обезбеди поддршка на сите оние кои се засегнати нека дојде мирот и удобноста наскоро да го најдат својот пат до оние кои сега најмногу страдаат“, додаде таа на англиски јазик во објавата.
Регион
Вучиќ: Доволно е БиХ да ни каже и веднаш испраќаме хеликоптери, чамци…
Србија е подготвена на секој начин да му помогне на населението загрозено од поплавите во Босна и Херцеговина, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ и упати сочувство до семејствата на загинатите.
Најмалку 18 лица загинаа, а се стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми откако обилните врнежи во областа Јабланица и Коњица во текот на изминатата ноќ предизвикаа поројни поплави, одрони и свлечишта, со голем број жртви и исчезнати лица.
По отворањето на обиколницата на патот околу Горњи Милановац, Вучиќ на новинарите им изјави дека Србија е подготвена да помогне со хеликоптери, чамци, како и со сите други форми на поддршка и финансиска помош.
„Доволно е да ни кажат и веднаш ќе го направиме тоа. Испратија спасувачи и чамци во Обреновац (за време на поплавите во 2014 година) и ние сме им благодарни за тоа“, рече Вучиќ изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.