Регион
Србија од денес со два обезвластени премиера

Делумно инагураниот претседател Александар Вучиќ ја шокираше денес политичката јавност во Србија, повлекувајќи потег, според некои оценки, невиден во политичката и уставната практика. Откако ја предложи Ана Брнабиќ за нов премиер, половина од премиерските надлежности му ги додели на Ивица Дачиќ, како компензација што не ја доби оваа функција. Според изјавата на Вучиќ дадена денеска, Брнабиќ ќе биде одговорна за економската политика, преговорите со ММФ, како и процесот на натамошна дигитализација, а политичкиот дел од работата на владата ќе го води Ивица Дачиќ.
Две души и две тела, еден премиер – беше првата реакција во Србија на оваа најава од актуелниот претседател. Соговорниците на “Блиц” имаа различни ставови за овој уникатен модел на поделба на власта, од тоа дека преставува “деградација” на премиерската функција, па до тоа дека само покажува колку центарот на моќ од премиерот се префрла на претседателот на државата.
„Добра работа во сето ова е дека на чело на владата е ставен експерт“, вели соработникот на Факултетот за политички науки“, Бобан Стојановиќ. Сепак, вели тој, лошо е што експертите вообичаено се без политичко влијание, како што е случај сега. „Би рекол дека не е замислено воопшто Брнабиќ да биде она што и припаѓа по Уставот. Можеби Дачиќ многу повеќе ќе се бави со оперативните активности од неа, но пред се Вучиќ ќе биде тој што ќе го контролира поголемиот дел од министрите“ – вели тој.
„Понижувачко е тоа што се вели дека таа ќе се занимава со економијата, а со политиката Дачиќ. Таа практично ќе ја има најмоќната позиција во земјата, а нема целосно да се вклучи во работата што и припаѓа. Ќе има јавно ограничување на нејзините функции“ – додава овој експерт, според кој тука станува збор за поткопување на легитимитетот, бидејќи никој не верува дека таа ќе ја трасира владината политика.
Политичкиот аналитичар Драгомир Анѓелковиќ оваа поделба на надлежностите не ја гледа како деградација, туку како одраз на вистинската состојба. Според него слична ситуација се случила во 2012 година, кога Ивица Дачиќ бил премиер, а Александар Вучиќ заменик премиер.
За политичкиот директор на ЦЕСИД, Ѓорѓе Вуковиќ целата оваа ситуација само значи дека центарот на власта се сели од премиерот на претседателот и дека клучните процеси и одлуки нема да се носат во владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Сплит казната за одење во костим за капење на улица и пиење алкохол на јавно место е 150 евра

На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред во која се пропишани повисоки казни за прекршителите, па може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, бидејќи доколку бидат фатени по комунален ред ќе им следува казна од 150 евра, известуваат хрватските медиуми.
Истата казна од 150 евра е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице.
Жителите на Сплит и нивните гости по улиците ќе ги надгледуваат 21 комунален редар, а уште 12 ќе чекаат на повик во зградата на градската управа.
Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комунален ред, а минатата година првите разголени туристи платија општински казни од 1.000 куни.
Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила од новата година.
Регион
Хорор во Хрватска: Пациентка со нож избоде познат психијатар

Психијатарот Елвира Коиќ беше повредена во саботата попладне во својата канцеларија во Вировитица кога 37-годишна пациентка ја нападна и ја избоде со нож, пишуваат хрватските медиуми.
Докторката е пренесена во Општата болница Вировитица, каде што е на лекување, а според информациите, нејзиниот живот не е во животна опасност. Пациентката е уапсенa.
Елвира Којиќ е познат психијатар во Хрватска, којa голем дел од својата кариера посветила на работата со хрватските бранители кои страдаат од пострауматско стресно растројство, пренесува „Вечерњи лист“.
Регион
Курти: Не добив соодветни аргументи за формирање за Заедницата на српските општини

Косовскиот премиер Аљбин Курти смета дека европскиот предлог е добра основа за договор со Србија и дека е подготвен да разговара за договорите постигнати во Брисел, но рече дека не добил соодветни аргументи за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО).
Курти рече дека „не смета дека е неопходно да се создаде ЗСО, но оти е подготвен за дискусии за правата на немнозинските заедници“.
Откако го видел француско-германскиот предлог, вели тој, оттогаш преговараат за постигнување договор.