Регион
Србија отвори две нови поглавја од преговорите со ЕУ

Србија отвори две нови поглавја од преговорите со ЕУ, односно поглавјата 20 и 26, кои се однесуваат на претприемништвото и индустриската политика и културата и образованието, пренесуваат српските медиуми.
Како што пренесува Танјуг, на меѓувладината конференција привремено било затворено поглавјето 26, поради тоа што во областа на образованието и културата не постојат заеднички ЕУ критериуми кои се неопходно за усогласување, а со тоа ни мерки за затворање на поглавјата.
Србија досега за време на преговорите за членство во ЕУ отвори осум, а привремено затвори две од вкупно 35 поглавја. На состанокот во понеделникот во Брисел српската страна беш предводена од страна на министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, додека од страна на Европската комисија присуствуваа еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан.
Иако важи за едно од полесните поглавја, поглавјето 26 беше блокирано се до почетокот на оваа година поради примедбите на Хрватска на учебниците на мајчиниот јазик на малцинствата. Зеленото светло за отворањето на поглавјето 20 од страна на земјите членки на ЕУ на Србија и беше дадено кон средината на месецов откако од Европската служба за надворешни работи беше добиен извештајот за напредок во процесот на дијалог помеѓу Белград и Приштина./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Сплит казната за одење во костим за капење на улица и пиење алкохол на јавно место е 150 евра

На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред во која се пропишани повисоки казни за прекршителите, па може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, бидејќи доколку бидат фатени по комунален ред ќе им следува казна од 150 евра, известуваат хрватските медиуми.
Истата казна од 150 евра е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице.
Жителите на Сплит и нивните гости по улиците ќе ги надгледуваат 21 комунален редар, а уште 12 ќе чекаат на повик во зградата на градската управа.
Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комунален ред, а минатата година првите разголени туристи платија општински казни од 1.000 куни.
Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила од новата година.
Регион
Хорор во Хрватска: Пациентка со нож избоде познат психијатар

Психијатарот Елвира Коиќ беше повредена во саботата попладне во својата канцеларија во Вировитица кога 37-годишна пациентка ја нападна и ја избоде со нож, пишуваат хрватските медиуми.
Докторката е пренесена во Општата болница Вировитица, каде што е на лекување, а според информациите, нејзиниот живот не е во животна опасност. Пациентката е уапсенa.
Елвира Којиќ е познат психијатар во Хрватска, којa голем дел од својата кариера посветила на работата со хрватските бранители кои страдаат од пострауматско стресно растројство, пренесува „Вечерњи лист“.
Регион
Курти: Не добив соодветни аргументи за формирање за Заедницата на српските општини

Косовскиот премиер Аљбин Курти смета дека европскиот предлог е добра основа за договор со Србија и дека е подготвен да разговара за договорите постигнати во Брисел, но рече дека не добил соодветни аргументи за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО).
Курти рече дека „не смета дека е неопходно да се создаде ЗСО, но оти е подготвен за дискусии за правата на немнозинските заедници“.
Откако го видел француско-германскиот предлог, вели тој, оттогаш преговараат за постигнување договор.