Регион
Хаос во владеjaчката партија на Србија по изборот на геј премиерката
Изборот на Ана Брнабиќ за премиерка на Србија предизвика не само изненадување туку и хаос во владеjaчката Српска напредна партија (СНС).
Претходно, дури и шпекулациите за нејзиниот избор наидоа на критики од страна на повеќе партии, па и од Српската pравославна cрква.
Српски „Блиц“ објави дека шест членови на партијата Единствена Србија, чиј лидер е Драган Марковиќ Палма, нема да гласаат за изборот на Брнабиќ за премиер, а единство по ова прашање очигледно нема ниту во партијата на Вучиќ – СНС.
„Хаос е во партијата. Оваа одлука беше изненадување за многумина. Малку е веројатно дека сите наши пратеници ќе кренат раце за неа“ – изјавил за „Блиц” извор од врвот на СНС.
Вучиќ лесно може да се најде во многу непријатна ситуација. Со оглед на тоа што парламентарно мнозинство предводено од СНС има околу 160 членови, изборот на новиот премиер може да биде доведен во прашање.
„ СНС има свои 102 пратеници, а една третина секако не е задоволна со одлуката на Вучиќ“ – вели нашиот извор.
Ако навистина постои сценарио во кое 30 пратеници на СНС, меѓу кои шест од Единствена Србија му откажат послушност Вучиќ, изборот на Ана Брнабиќ може да биде доведен во прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
