Регион
Александар Вулин за кинеските медиуми: „Без успешна Кина, не може да има слободен свет“

Неодамнешниот директор на БИА и основач на Социјалистичкото движење, Александар Вулин, за кинеските државни медиуми изјави дека „без успешна и исправена Кина, не може да има слободен свет“.
„Кина докажа дека е можно да се биде економски успешен, а сепак општествено хуман, и дека социјализмот на никаков начин не е инфериорен во однос на капитализмот само кога се води на правилен и соодветен начин. Шји Џјинпинг е човек што прерасна во планетарен, светски лидер. Кина е голема сила и можеби првата сила во историјата на човештвото што ја стави својата економија на прво место, а не армијата, и што ја разликува од сите други.
Како што додава, Србија има голема почит кон Народна Република Кина, но не поради нејзината големина, туку поради големината на луѓето што ја водат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.