Регион
(Видео) Дачиќ за снимката на која се гледаат напаѓачите од Косово: Тоа е измама, можете да видите снег
Српскиот министер за надворешни работи и вицепремиер, Ивица Дачиќ, за време на гостувањето на РТС изјави дека Аљбин Курти е единствениот виновник за она што се случи на Косово викендов. Тој истакна дека не му е јасно според кој член од Резолуцијата 1244 или од Бриселскиот договор косовската полиција се наоѓа на северот на Косово.
Тој рече и дека видеото, кое на „Фејсбук“ го објави косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечла, воопшто не е од ноќта кога се случи инцидентот, односно дека се работи за измама. Свечла напиша дека наидеот во се гледа и Милан Радоичиќ, потпретседателот на Српската листа, кој е на црната листа на САД и Велика Британија.
„Не оправдуваме никакви насилни дејства, жалиме за убиството на полицаец, за загубата на српски животи и за тоа што се случи таков инцидент, кој не е во интерес на Србија“, рече Дачиќ, пренесува „Нова.рс“.
Тој додаде дека Приштина, како и српската опозиција, одговорноста ја префрлаат на Александар Вучиќ.
„Тука се обидуваат да докажат и покажат дека овие акции ги извршил Милан Радоичиќ или Звонко Веселиновиќ. Тие најмногу би сакале да наидат на Мојсиловиќ затоа што им треба врска со Белград, сакаат да кажат дека некој го увезува од однадвор“, убеден е шефот на српската дипломатија.
Потоа се осврна на спорното видео велејќи дека на снимката „можете дури и да го видите снегот“.
„Имаше и снег, што значи дека не е снимка од тој ден“, нагласи тој.
Дачиќ повтори дека Белград се бори за мир и за правата на Србите и дека поради сето тоа нема да дозволи натамошна ескалација.
„Мизерно е што на овој начин на сметка на државните органи сакаат да докажат дека Србите се терористи што учествувале во сето ова“, заклучува тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кси Џинпинг му подари скулптури на Вучиќ кои го симболизираат кинеско-српското пријателство
За време на официјалната посета на Белград, кинескиот претседател Кси Џинпинг на српскиот претседател Александар Вучиќ му подари скулптури на Небесниот храм во Пекинг и Храмот на Свети Сава изработени од челик.
Фотографија на Кси Џинпинг и Вучиќ во присуство на нивните сопруги кои ги гледаат подароците беше објавена на интернет од страна на помошничката министерка за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг, а пренесена од Спутник.
President Xi gifted President Vučić sculptures made of steel produced by the HBIS Smederevo steel plant. pic.twitter.com/66Mh5cae5v
— Hua Chunying 华春莹 (@SpokespersonCHN) May 9, 2024
Таа во најавата наведе дека на скулптурите се претставени небесниот храм во Пекинг и храмот Свети Сава во Белград, кои го симболизираат кинеско-српското пријателство.
Регион
Вучиќ до Силјановска-Давкова: Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија
Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ ја честита победата на Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.
„Ѝ честитам на Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија и ѝ посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија, со цел напредок и благосостојба на нашите народи, како и просперитет на целиот регион“, изјави Вучиќ на платформата „Икс“.
„Многу ми значат вашите честитки“, му одговори Силјановска-Давкова на Вучиќ по упатената честитка.
„Вашите искрени честитки ми значат многу, претседателе Вучиќ. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на подобрување на одличните македонско-српски односи. Ви благодарам многу, претседателе Вучиќ“!, напиша таа во својот одговор на социјалната мрежа X.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.