Регион
Во Турција уапсен новинар на весникот Welt под обвинение за тероризам

Турската полиција го уапси новинарот на германскиот магазин Welt, под обвинение за припадност во терористичка организација, непрописно користење податоци и ширење терористичка пропаганда.
Како што пренесе ноќта кон саботата агенцијата Associated Press, новинарот Дениз Јуџел, кој има двојно германско и турско државјанство, објавил информација за хакирањето на електронската пошта на турскиот министер за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак, чиишто писма подоцна беа објавени на сајтот на организацијата WikiLeaks.
Главниот уредник на весникот го нарекол Јуџел „одличен работник“ и изразил надеж дека „правичното судење ќе ја докаже неговата невиност“.
Според агенцијата, германското министерство за надворешни работи потврдило дека новинарот бил приведен во четвртокот.
„Се надеваме дека турските власти случајот на господин Јуџел ќе го спроведуваат согласно владеењето на правото и кон него ќе се однесуваат справедливо,м особено почитувајќи ја слободата на медиумите, гарантирана со уставот на Турција“, ја цитира агенцијата писмената изјава на министерството за надворешни работи на Германија.
Сајтот WikiLeaks објави писма од личната пошта на министерот Албарјак, кој е зет на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Беа објавени 57.900 електронски пораки од периодот меѓу април 2000 годи до 23-ти септември 2016 година, Најголемиот дел од нив се преписки со турски политичари, бизнисмени и членови на семејството./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.
Регион
Тело на Србинка извлечено од морето во Грција

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.
Таа е пронајдена во несвест во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во среда околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.
Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.