Регион
Вучиќ: Економската иднина зависи од успехот на „Отворен Балкан“, можеме да го направиме тоа побрзо, посилно и подобро
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека економската иднина зависи од успехот на „Отворен Балкан“, но и од тоа колку мирот и стабилноста ќе бидат зајакнати во регионот.
„Никогаш немало повеќе внимание или енергија фокусирана на успехот на овој проект“, рече Вучиќ во Белград на отворањето на самитот на лидери „Отворен Балкан“, иницијатива што ги вклучува и Македонија, Србија и Албанија.
Со самитот претседаваат премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски, а присутни се и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтије, министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.
Вучиќ истакна дека успехот на „Отворен Балкан“ е и фактот што Албанија и Северна Македонија ги почнаа преговорите за влез во Европската Унија.
Успехот на оваа иницијатива не е мал, но можеме да го направиме тоа побргу, посилно и подобро“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека по воспоставувањето на зелениот коридор за побрза циркулација на прехранбените производи, растот на размената на тие стоки меѓу членовите на иницијативата изнесува 17 проценти.
„Работиме на дополнително намалување на времето на чекање на границите“, рече Вучиќ и најави дека денеска ќе бидат потпишани документи, кои ќе обезбедат повисоко ниво на економска соработка во рамките на „Отворен Балкан“.
Истакнувајќи дека односите меѓу земјите членки на оваа иницијатива се на историско високо ниво, тој изрази желба кон неа да се приклучат и другите земји од регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.