Регион
Вучиќ: Србија се вооружува за разни џуџиња да не помислат дека може повторно да ѝ ја украдат територијата
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија се вооружува за да се заштити, а не да му се заканува некому во регионот. Тој рече дека коментарите оти вооружувањето на Србија е закана за мирот во регионот се „мантра на оние за кои ниту една Србија не е доволно мала или доволно понижена за да бидат задоволни со таква Србија“, пренесува „Телеграф“.
„Кога Србија се вооружува, се вооружува, пред сè, од домашната индустрија. Се вооружува да си го заштити името, презимето, да си ги заштити небото, земјата. За разни џуџиња да не помислат дека може повторно да ѝ ја украдат територијата. А Србија никогаш никому не му се заканувала“, истакна Вучиќ.
Притоа тој реагира на изјавата на воениот аналитичар од БиХ, Неџад Ахатовиќ, кој рече дека вооружувањето на Србија е закана за регионот и дека Србија си игра мала Русија за да го обедини српскиот свет во регионот. Вучиќ одговори дека ваквите коментари се резултат на тоа што на некои им пречи тоа што економијата на Србија денес сочинува половина од вкупната економија на Западен Балкан.
„Кога зборувате за економијата на Западен Балкан, 50 проценти е Србија, 55 проценти од Западен Балкан е Србија, 62 процента е Србија што привлекува странски директни инвестиции. И тогаш за каков Западен Балкан зборувате без да зборувате за Србија“, праша тој.
„Затоа што таква Србија стана и земја што во моментот има највисока просечна плата во регионот, а во исто време и многу ниска стапка на јавен долг, а е членка на Евростат“, продолжи тој. Вучиќ се пожали дека сакаат да ја уништат Србија и дека во изминатите две години биле објавени повеќе од десет илјади написи во разни западни и регионални медиуми дека Србија напаѓа некого во регионот.
„Дека ние сме мали Руси, кои, не знам што да правам, ќе слушаат нечии наредби. Зошто го кажуваат тоа? Има две причини. Едната е даѝ нанесуваат директна штета на Србија, а другата е дека тие тргнуваат од самите себе. Тие знаат какви следбеници се, знаат какви политички џуџиња се“, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кси Џинпинг му подари скулптури на Вучиќ кои го симболизираат кинеско-српското пријателство
За време на официјалната посета на Белград, кинескиот претседател Кси Џинпинг на српскиот претседател Александар Вучиќ му подари скулптури на Небесниот храм во Пекинг и Храмот на Свети Сава изработени од челик.
Фотографија на Кси Џинпинг и Вучиќ во присуство на нивните сопруги кои ги гледаат подароците беше објавена на интернет од страна на помошничката министерка за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг, а пренесена од Спутник.
President Xi gifted President Vučić sculptures made of steel produced by the HBIS Smederevo steel plant. pic.twitter.com/66Mh5cae5v
— Hua Chunying 华春莹 (@SpokespersonCHN) May 9, 2024
Таа во најавата наведе дека на скулптурите се претставени небесниот храм во Пекинг и храмот Свети Сава во Белград, кои го симболизираат кинеско-српското пријателство.
Регион
Вучиќ до Силјановска-Давкова: Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија
Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ ја честита победата на Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.
„Ѝ честитам на Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија и ѝ посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија, со цел напредок и благосостојба на нашите народи, како и просперитет на целиот регион“, изјави Вучиќ на платформата „Икс“.
„Многу ми значат вашите честитки“, му одговори Силјановска-Давкова на Вучиќ по упатената честитка.
„Вашите искрени честитки ми значат многу, претседателе Вучиќ. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на подобрување на одличните македонско-српски односи. Ви благодарам многу, претседателе Вучиќ“!, напиша таа во својот одговор на социјалната мрежа X.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.