Регион
Додик: Според демократските принципи, резолуцијата за Сребреница пропадна
Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека, што се однесува до демократскиот свет и она што нè учат, резолуцијата за Сребреница денеска не доби мнозинство во Генералното собрание на ОН и таа пропадна.
„На гласањето видовме дека за резолуцијата гласаа 84 земји, што не е ниту огромно мнозинство“, нагласи Додик.
Повтори дека Владата на Република Српска го покренала прашањето за мирно одвојување од Федерацијата Босна и Херцеговина, бидејќи, како што истакна, нема причина после ова да останат и да живеат заедно во Босна и Херцеговина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
11-годишно момче со велосипед падна од три метри висина на Калемегдан во Белград
Единаесетгодишното момче вчера вечерта паднало од тврдината Калемегдан во Белград и се здобило со тешки телесни повреди. Како што пренесуваат српските медиуми, момчето возело велосипед во паркот Калемегдан и паднало од висина од три метри.
Белградската Итна помош соопшти дека со повреди момчето било пренесено во Ургентниот центар каде е задржано на лекување.
Регион
Додик: БИХ е последната колонија во Европа
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека во Босна и Херцеговина постои криза која трае веќе 26 години, во која правата им беа дадени на Србите, а потоа одземени во корист на муслиманите, како и дека Босна и Херцеговина е последната колонија во Европа.
„БиХ е последната колонија во Европа каде што луѓето кои дојдоа однадвор го презедоа раководството, кое никој не го избра на избори. Ние, локалните политичари, само одиме на избори, победуваме или губиме, но оние кои не се од БиХ Тие всушност играат водечка улога“, рече Додик во интервју за Џерусалим пост.
Тој посочи дека дури и Хрватите не се задоволни од ситуацијата во БиХ, но дека муслиманите не сакаат дијалог, туку ги обвинуваат Србите дека повикуваат на конфликт, што не е точно.
Регион
Татко во алкохолизирана состојба ја избол ќерката во Призрен: лекарите се борат за нејзиниот живот
Синоќа, нешто по полноќ, во Призрен е уапсен татко, кој во алкохолизирана состојба со нож ја нападнал својата ќерка (21) и ѝ нанел повреди опасни за животот.
Регионалниот полициски центар во Призрен потврди дека А. Ш. (44) со нож ја нападнал ќерката Е. Ш. по расправија под дејство на алкохол нанесувајќи ѝ повреди на грбот.
Таа е во критична состојба и лекарите во болницата во Призрен се борат за нејзиниот живот.
Случајот е карактеризиран како обид за убиство.
Како што истакнаа, таткото бил во алкохолизирана состојба и по наредба на надлежен обвинител, одредена му е мерка притвор до 48 часа.