Регион
Загрепчанец казнет со 100 евра затоа што фрлил јајце кон седиштето на ХДЗ
Загрепчанецот Борис Б. (44) е прогласен за виновен пред судот за прекршоци во Загреб затоа што фрлил јајце кон зградата на ХДЗ за време на протестот во септември минатата година.
Тој е казнет со парична казна од 53 евра, плус судски трошоци од 40 евра. Тој е осуден во отсуство, а пресудата не е правосилна.
Во пресудата е наведено дека тој на 10 септември минатата година го нарушил јавниот ред и мир како учесник на протестот што се одржа под името „Ве отпуштаме“ на Плоштадот на жртвите на фашизмот.
Меѓу другото, се наведува дека кога дошол пред седиштето на ХДЗ, го извадил јајцето што го фрлил, а тоа удрило во влезната врата и се скршило, со што, велат, го нарушил јавниот ред и мир на граѓаните и сторил прекршок.
На судењето сведочеше полицаецот за интервенција кој што го обезбедувал протестот. Тој рекол дека видел дека човекот се симнал од велосипедот, дошол до заштитната ограда пред влезната врата на централната ХДЗ и фрлил јајце, објави загрепскиот портал Индекс.
„Од ранецот извади кутија ‘цедевита’, зграпчи нешто од неа и ја фрли на влезната врата, а потоа видов дека се работи за јајце што се скрши и се истури на вратата, по што се оддалечи кон велосипедот – сведочеше полицаецот и додаде дека му пришол на човекот и му побарал лична карта која, како што вели, без проблем му ја дал.
После тоа, приведен е во полициска станица за понатамошна обработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Томислав Николиќ имаше сообраќајна несреќа
Томислав Николиќ, поранешен претседател на Србија и директор на Националниот совет за координација со Руската Федерација и Народна Република Кина, утрово доживеа сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила утрово околу 9.15 часот, а Николиќ бил во службеното возило „ауди А8“, пренесува српски „Курир“.
Автомобилот го управувал возачот на Николиќ. Во несреќата нема повредени.
Регион
(Видео) Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето
Полуматуранти од основното училиште во Долна Горица, Црна Гора, наводно го запалиле училиштето за време на матурската прослава.
На страницата на „Инстаграм“, „Подгорички времеплов“, е објавено видео од пожарот, каде што е наведено дека тој бил предизвикан од факел.
„Полуматурантите со факел го прославија крајот на школувањето, а потоа го запалија училиштето во Долна Горица“, се наведува.
View this post on Instagram
Како што можете да видите на видеото, чадот е висок неколку метри и го зафатил самиот покрив на основното училиште „Владо Милиќ“ во Долна Горица.
Поради употреба на пиротехнички средства, училиштето било опожарено, а учениците се евакуирани поради пожарот, пишува порталот „Антена“.
Регион
Опсадна состојба во училиште во Загреб: наставничка се заклучила во училницата со учениците поради деветгодишното дете и неговите родители
Во едно основно училиште во центарот на Загреб утрово имало опсадна состојба поради што интервенирала дури и полицијата.
Наставничката се заклучила во училницата со учениците бидејќи родителите на едно 9-годишно момче барале тој да влезе во училницата, иако пред два месеца бил отстранет од час поради обвинувања за врсничко насилство од страна на врсниците и нивните родители.
Бидејќи родителите постапувале агресивно, наставничката се плашела за нивната и за сопствената безбедност.
„За среќа, наставничката беше присебна и ѝ благодариме за храброста. Таа се заклучи во училницата со нашите деца и им кажа дека тоа е тест-вежба за кризна ситуација. Сите побрзавме во училиштето и сме во шок. Ова е страшно, низ што поминуваме и децата и ние со месеци“, вели мајката на еден ученик за „Јутарњи лист“.
Кога стигнала на училиште, како што додава соговорничката на „Јутарњи лист“, заедно со другите родители седнале со момчето пред одделението и инсистирале да влезат во училницата.
Рекоа дека им е преку глава од тоа што нивното дете не оди нормално на училиште со другите.
Според написите, тој бил сместен во библиотеката и наставата ја следел онлајн на компјутер, а секогаш бил придружуван од професорка. Момчето секогаш било придружувано од возрасен и не јадело во исто време со учениците од неговото одделение, но децата не се осмелиле да влезат во библиотеката.
Секојдневно ги навредувал своите врсници од класот, малтретирал и сексуално вознемирувал девојчиња и ги снимал со својот мобилен телефон. Истото тоа им го направил и на момчињата удирајќи ги силно по грбот и во неколку наврати со тупаници по главата. Често им се заканувал дека ќе ги убие нивните родители.
Како што пренесува медиумот, фрлил помало момче во воздухот, па дури и турнал еден врсник толку силно што со главата удрил во работ од масата и добил модринка под окото.
Ова биле некои од инцидентите што се случиле во училиштето од ноември минатата година за време на наставата или за време на паузата, а кои ги раскажуваат родителите на учениците.
Исто така, момчето редовно ја прекинувало наставата со викање, лаење или мјаукање.
Наставничката со месеци не го користела одморот и не излегувала од училницата бидејќи знаела дека децата не се безбедни.