Регион
„Лажев дека сум бремена за да не ме убие, имаше две бомби во раката“, сведочеше девојката што ја киднапира масовниот убиец од Младеновац

Девојката што ја киднапира масовниот убиец од Младеновац лажела дека е трудна. Во Вишото јавно обвинителство во Смедерево на рочиштето таа рекла дека успеала да го убеди киднаперот Урош Б. дека е бремена, а тоа го направила кога во неговите раце видела две бомби.
Осомничениот за масакрот кај Младеновац на 5 мај кај Мали Пожаревац киднапирал такси и девојката во него откога уби 8 лица, а рани 14.
Урош Б. запрел таксист во близина на Мали Пожаревац. Потоа со закана со две бомби наредил да го одвезат до Вињиште кај Крагуевац. Таму бил вујко му кај кого се скрил по злосторството. Во автомобилот имало и трудница. Урош седнал на предното седиште, а во раката имал бомба. Потоа на таксистот му рекол дека ќе ја активира доколку не вози каде што му рекол.
Полицијата во соработка со Вишото јавно обвинителство во Смедерево ги уапси татко му Р.Б. и вујко му Г. Г. Тие се во притвор и за сите тројца се води постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.