Регион
Мицотакис: Ако сè оди според планот, границите ќе ги отвориме на 1 јули
Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, најави дека земјата ќе ги отвори своите граници за странските туристи на 1 јули доколку ситуацијата во врска со коронавирусот оди според планот.
„Ќе го отвориме туризмот на 1 јули ако тоа биде исправно и за оние што сакаат да патуваат и за нашата туристичка индустрија“, рече Мицотакис на онлајн-конференцијата на Бостонската консултантска групаа, на која учествуваа 500 лидери.
Тој изрази уверување дека правилното управување со пандемијата на коронавирусот ќе доведе до побрзо економско закрепнување, пренесува АНА.
Тој додаде дека програмата за инвестирање ќе продолжи според планираното и повика на поголеми напори во борбата против климатските промени.
Овој викенд Грција ќе отвори 515 организирани плажи, што се смета за клучен тест во борбата за почнување на туристичката сезона.
Спортот, музиката и алкохолот ќе бидат забранети на плажите, а според советите на научниците, поради физичката оддалеченост, ќе бидат дозволени само 40 лица на 1.000 квадратни метри.
За непочитувањето се предвидени казни од пет до 20.000 евра, кои ќе бидат тројни ако се повтори прекршувањето, објави заменик-министерот за безбедност, Никос Хардалијас, и додаде дека компаниите што не го почитуваат законот, ќе бидат затворени првин на 30, а потоа на 90 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.