Регион
Мицотакис: Високите цени на гасот и струјата ги загрозуваат граѓаните
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја повика ЕУ бргу да најде начин да го спречи брзиот пораст на цените на гасот и струјата бидејќи, како што рече, животниот стандард на граѓаните е слаб, што може да доведе до обнова на популистичките идеи за континентот.
Грција, која беше погодена од епидемија на коронавирусот по една деценија финансиска криза, потрошила речиси четири милијарди евра од минатата година за субвенционирање на сметките за струја и гас за домаќинствата и бизнисите, според „Ројтерс“.
Мицотакис ја повика ЕУ да одлучи за заеднички одговор на зголемените трошоци за енергија.
„Не е одржливо да се наметнува овој товар на нашите граѓани“, рече грчкиот премиер за време на средбата со европскиот комесар за енергетика, Кадри Симсон, во Атина, пренесува агенцијата.
Мицотакис ја повика ЕУ да разгледа неколку опции, вклучително и предлогот на Грција за ограничување на цената на гасот и брзо прекинување на врската меѓу цената на гасот и струјата.
Европските влади забрзано се обидуваат да складираат доволно гас пред следната зима за да се справат со потенцијалните прекини во снабдувањето од Русија, која задоволува 40 отсто од потребите за гас на ЕУ.
Минатиот месец Европската комисија предложи закон со кој се бара од земјите на ЕУ да ги полнат своите капацитети за складирање гас до 80 отсто од капацитетот оваа година.
Цените на енергијата значително пораснаа од минатата година, а конфликтот во Украина дополнително ги подигна, што ја поттикна Европската Унија да се обиде да ја намали употребата на рускиот гас за две третини оваа година преку зголемување на увозот од други земји и проширување на обновливите извори на енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.