Регион
Турските власти ќе го пребаруваат саудискиот конзулат во Истанбул во рамките на истрагата за исчезнатиот новинар
Турското Министерство за надворешни работи денеска објави дека турските власти ќе го пребараат саудискиот конзулат во Истанбул во рамките на истрагата за исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашогија.
Саудиските власти ја информираа Анкара дека се отворени за соработка и ќе дозволат да се пребара зградата на конзулатот, наведоа во нивното соопштение.
Претходно, денеска, „Вашингтон пост“ објави дека според фотографија што тие ја добиле од извори билски до истрагата, новинарот влегол во зградата на саудискиот конзулат во Истанбул, но како што тврдат медиумите, тој никогаш не излегол или барем досега не биле објавени докази дека тој ја напуштил зградата.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, ја повика владата на Саудиска Арабија за поддршка на темелна истрага за исчезнатиот саудиски новинар и транспарентно објавување на резултатите од истрагата, пренесуваат медиумите.
59-годишниот новинар исчезна за време на посетата на саудискиот конзулат во Истанбул, каде што отиде по документи што му беа потребни за да може да се ожени со својата свршеница, која е од Турција, наведува агенцијата од САД.
Турските власти и неговите пријатели за АП изјавија дека стравуваат оти новинарот бил убиен во конзулатот, а Саудиска Арабија таквите изјави ги карактеризира како неосновани, но како што забележуваат медиумите, никогаш не дала ниту докази дека тој по влегувањето, ја напуштил зградата на конзулатот.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера повика да се обезбедат докази дека новинарот жив го напуштил конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. И американскиот претседател, Доналд Трамп, исто така изрази загриженост поради исчезнувањето на саудискиот новинар.
Кашогија ја напушти Саудиска Арабија минатата година бидејќи ги критикува саудиската политика во Јемен и притисокот на критичарите врз властите, истакнува „Ројтерс“ во својот напис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.