Регион
Туск: ЕУ останува верна кон Западен Балкан
За земјите од Западен Балкан пораката е јасна – Европската унија останува верна кон ветувањата кои беа дадени со Солунскатаагенда и целосно е посветена на стабилноста и просперитетот на регионот, порачал претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој на самитот на ЕУ изјави дека состојбата на Западен Балкан е „вон контрола“ и дека неопходно е Унијата да го задржи својот ангажман во овој регион.
„Тензиите и поделбите излегоа од контрола делимично поради нездравото надворешно влијание кое веќе некое време дестабилизира неколку држави. Јас ќе им предложам на лидерите да преземеме акција, вклучувајќи и наши стратешки комуникации“, рекол Туск во четвртокот во Брисел, на првиот ден од самитот на кој лидерите на ЕУ разговараа за состојбата на Западен Балкан.
„Ние не отстапуваме, туку стапнуваме на Западен Балкан“, порачал, пак, претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, пренесува Deutsche Welle.
Иако се согласува со пораките на своите колеги од Советот на ЕУ за неопходноста од политика на „отворени врати за Западен Балкан“, словенечкиот премиер Миро Церар ја изнел можеби и суштината на проблемот, односно дека „Словенија се заложува за европската перспектива да биде јасно изразена, но таа мора да биде следена со јасни идеи и акции“.
По вчерашните расправи Советот на ЕУ едногласно ја поддржа европската перспектива на Западен Балкан и го потврди својот ангажман на сите нивоа, со цел да се изрази поддршка за стабилноста на регионот и продлабочувањето на економските и политичките врски. Истовремено, нагласена е и важноста на реформскиот пат, добрососедските односи и сеопфатната соработка во рамките на регионалните иницијативи./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарницата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичницата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

