Регион
Хан пред посетата на Косово: Ќе ја повикам Приштина да ја деблокира регионалната соработка
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, пред својата посета на Приштина посочи дека одлуката на Косово за воведување царини на стоките од Србија и Босна и Херцеговина го загрозува централноевропскиот договор за слободна трговија и најави дека ќе ја повика косовската влада да ја деблокира регионалната трговија и соработка.
„Ќе ги повикам моите соговорници во Косово да ја деблокираат регионалната соработка и трговија и да ја нагласат потребата за враќање на дијалогот“, напиша на Хан на социјалната мрежа „Твитер“ во пресрет на посетата на Приштина.
I will call upon my interlocutors in #Kosovo to unblock regional cooperation and trade and stress the need to return to the #dialogue 2/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) December 3, 2018
Пред неговата посета на Приштина, Хан за царините на стоките од Србија и Босна и Херцеговина во Белград повеќе од два часа разговораше и со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Хан на „Твитер“ исто така напиша и дека средбата со Вучиќ била добра и дека тој и српскиот претседател разговарале за воведувањето на царините, загрозувањето на ЦЕФТА и регионалната соработка.
Good meeting with @predsedniksr @avucic in #Belgrade where we discussed the introduction of tariffs on goods from #Serbia and #BiH by #Kosovo, which obstructs #CEFTA, #REA, regional cooperation. We agreed on the urgent need for de-escalation. 1/2 pic.twitter.com/YmM1nNNKwW
— Johannes Hahn (@JHahnEU) December 3, 2018
„Се согласивме дека е потребна итна деескалација на ситуацијата“, посочи Хан.
Хан, по средбата со Вучиќ, ќе ја посети и Приштина. Се очекува во Косово да се сретне со претседателот и премиерот, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, како и со Кадри Весели, претседателот на собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.