Регион
Хил: Повлекувањето на војниците и апсењето на Радоичиќ е добар чекор, потребно е политичко решение за Косово
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека повлекувањето на војниците од административната линија и апсењето на Милан Радоичиќ се добар чекор и дека во интерес на Вашингтон е да се најде политичко решение за ситуацијата во Косово.
„Нема сомнеж дека имаше повлекување на помал дел од војниците и дека во таа смисла работите се движат во добра насока. Можам да кажам и дека имаме потврда за намалениот број војници. Проблемот овде не е воен, туку политички“, рече Хил во интервју за „Танјуг“.
Тој додаде дека зголеменото присуство на војници долж административната линија со Косово предизвикува загриженост и дека САД побарале од српското раководство да ги повлече војниците.
„Многу ни е драго што можеме да кажеме дека тоа се случи“, рече американскиот амбасадор.
Зборувајќи за настаните во Бањска на 24 септември, Хил рече дека ЕУ и САД сакаат да знаат што точно се случило тогаш.
„Мислам дека апсењето на Радоичиќ, кој се чини дека ја призна вината за повеќето работи што се случија, беше добар чекор. Сепак, мислам дека сите сакаме да знаеме за што всушност се работи, што сакаа да постигнат , од каде го добиле сето тоа оружје и муниција“, рече американскиот дипломат, додавајќи дека разговорот за вистинските проблеми зависи „од јасен увид во тоа што всушност тие луѓе заедно со Радоичиќ се обидувале да направат и што сакале да постигнат.”
Коментирајќи го фактот дека 11 отсто од Србите го напуштиле Косово откако Аљбин Курти дојде на власт, Хил наведува дека овие бројки се вознемирувачки.
„Мислам дека тоа зборува во прилог на фактот дека ни треба политичко решение. Апсолутно е јасно дека нема воено решение за овој проблем. Ни треба политичко решение, ни треба решение кое ќе направи српската заедница да чувствува дека знае каква иднина ја чека“, рече американскиот амбасадор.
Тој додаде дека Србите во Косово мора да знаат што можат да очекуваат од животот таму и дека е неопходно да се формира Заедница на српски општини, а Приштина, пак, очекува можност да се приклучи на разни безбедносни и економски меѓународни организации.
Тој посочи дека во интерес на САД е да продолжат да изнаоѓаат политичко решение „засновано на јасни елементи кои се дел од договорот што беше постигнат пред пет, шест месеци“.
„Сакаме да го видиме формирањето на ЗСО. Праведно е да се каже дека господинот Курти не е ентузијаст за тоа, но мислам дека тој разбира дека тоа е еден од клучните елементи на масата, исто како што треба да продолжиме со интернационализација, што подразбира можност Косово да се приклучи на различни меѓународни организации. Тоа не се лесни чекори за српската страна, но тоа е дел од севкупниот договор“, рече Хил.
Тој додаде дека на сите им треба смирување на тензиите и разбирање дека наскоро Србите и Албанците во Косово ќе треба да најдат начин да живеат како соседи.
„Овие видови кризи мора да бидат заменети со политички процес што ќе ги натера сите да се чувствуваат удобно, за кога ќе се разбудат наутро да не мора да се грижат за безбедносните проблеми. Наша цел е да го сториме тоа“, рече Хил.
На прашањето за иднината на дијалогот меѓу Белград и Приштина и договорот од Брисел и Охрид, американскиот амбасадор посочува дека, „колку и да е тежок дијалогот за учесниците, мора да продолжиме“.
„Што се однесува до улогата на САД, ние сме многу посветени на дијалогот, секојдневно сме во контакт со сите страни, Србија, претставниците од Приштина, но особено со нашите партнери од Европската Унија. Мислам дека сите на Балканот треба да разберат дека Америка и Европската Унија имаат многу работи што треба да ги направат заедно и ќе ги направиме заедно. Значи, нема да бидеме поделени за работи како Косово, ќе бидеме обединети. Мислам дека ќе се вратиме на процесот на дијалог и Лајчак, кој понесе тежок товар во тоа, очигледно ќе мора да продолжи да го прави извесно време“, рече Хил.
Тој додаде дека САД се апсолутно посветени на успехот на процесот на дијалогот, бидејќи веруваат дека тоа е единствениот начин да се оди напред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Регион
Трамп ги спомена Србија и Косово: Ако не се согласувате, јавете ми се
Набројувајќи ги конфликтите што ги реши во претходниот период, претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанокот на Одборот за мир ги спомена Србија и Косово, велејќи им на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат.
„Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, иако Србија не се приклучи нa Oдборот, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, стана од своето место кога Трамп ја повика.
„Косово, Србија. Јас го направив тоа. Можете ли да станете, ако некој од вас е тука? Само станете на секунда. Косово, Србија, станете! Ви благодарам многу! Го цениме тоа! Одлично, а вие се согласувате. И кога не се согласувате, ме викате и ќе го решиме тоа, нели? Ќе го решиме“, рече Трамп на првиот состанок на Мировниот комитет, јавија српскките медиуми.
Вчера, во Вашингтон се одржа првата седница на Одборот за мир, основан на иницијатива на Трамп, а тоа е тело кое треба да работи на решавање на глобални безбедносни кризи и војни.
Првата задача, како што беше најавено, ќе се однесува на конфликтот во Појасот Газа.
Во јуни 2025 година, американскиот претседател одржа прес-конференција во Хаг на која се пофали со своите достигнувања, за кои верува дека ги постигнал како претседател на Америка.
Еден од примерите што ги наведе Трамп е дека, како што рече, тој спречил потенцијален конфликт меѓу Србија и Косово.
„Србија токму беше на прагот да го стори тоа, но ние го спречивме“, рече Трамп тогаш.

