Регион
Оли Рен повика на уставни реформи во БиХ

Во текстот на говорот Рен порачува дека држава која има статус на полупротекторат, не може да стане членка на Унијата и го повика тамошното раководство да ги исполни потребните предуслови за затворање на Канцеларијата на високиот претставник
„Во Босна И Херцеговина мора да се спроведат уставните реформи и да се затвори Канцеларијата на високиот претставник, пред да биде разгледано пристапувањето на таа земја во Европската унија“, меѓу другото се наведува во текстот од говорот на Оли Рен, кој требаше да го одржи во Парламентарното собрание на БиХ, но поради здравствени проблеми на еврокомесарот за проширување беш откажано.Според Рен, иако уставните реформи не се директен предуслов за интеграција во ЕУ, Босна мора да ја модернизира својата дисфункционална влада поделена меѓу Федерацијата на БиХ и Република Српска.Еврокомесарот истакнува дека ЕУ сака во 2010 г. да предложи визна либерализација и за БиХ, доколку државата ги исполни потребните предуслови во наредните неколку месеци.Комесарот за проширување на ЕУ посочува дека таа организација на БиХ ќе и’ понуди 40 милиони евра како дел од пакетот за да се одговори на економската криза, како и дека 440 милиони евра се планирани за БиХ до 2011 гСредбата на Оли Рен со членовите на Претседателството на БиХ, со претседавачот на Советот на министри Никола Шпириќ и со други официјални претставници, но зардо здравствени проблеми беше откажана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините, линијата може да остане затворена два месеци

Товарен воз излета од шините вчера доцна навечер во областа Кукуш во северна Грција додека се движеше на релација Гевгелија-Солун, која ја поврзува Грција со Македонија, пренесува „Катимерини“.
Нема информации за повредени меѓу персоналот на возот или случајни минувачи.
Ударот на инцидентот предизвика значителна штета на пругата во должина од приближно 4 километри. Засегнатиот дел се очекува да остане затворен околу два месеци поради поправки.
За тоа време прекуграничните рути ќе бидат пренасочени преку Бугарија.
Hellenic Train приватниот оператор на грчкиот железнички систем е под зголемен правен и политички притисок по трагичниот судир на возот во Темпи во февруари 2023 година, едно од најтемните поглавја во историјата на компанијата, што резултираше со 57 жртви и голем број повредени.
Hellenic Train беше купен од италијанската Ferrovie dello Stato Italiane во 2017 година.
Регион
Константинос Тасулас избран за претседател на Грција

Поранешниот претседател на грчкиот парламент, Константинос Тасулас, денеска е избран за нов шеф на државата, а ќе ја наследи Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат истекува во март, објави порталот „Катимерини“.
Шеесет и шестгодишниот Тасулас, адвокат и татко на две деца, е пратеник од 2000 година, а претходно раководеше со Министерството за култура и ја извршуваше функцијата заменик-министер за одбрана.
За Тасулас гласаа 160 пратеници во 300-члениот парламент.
Тасулас беше номиниран за шеф на државата од премиерот Киријакос Мицотакис наведувајќи дека тоа го направил врз основа на политичкото искуство на Тасулас, неговиот обединувачки дух и фактот дека е широко прифатен.
Политичките аналитичари ја сметаат номинацијата на Тасулас како обид на Мицотакис да ја зацврсти својата позиција на власт, објави „Ројтерс“ потсетувајќи дека конзервативната партија на Мицотакис, Нова демократија, има тесно парламентарно мнозинство со 156 места и е под зголемен притисок.
Тасулас ќе положи заклетва на 13 март, кога и официјално ѝ завршува мандатот на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу.
Регион
Тинејџер се качил на вагон во Белград, го удрила струја и добил тешки изгореници

Момче (15) е тешко повредено откако на железничка станица во Белград го удрило струен удар.
„Телеграф“ јавува дека момчето се качило на возот за да се фотографира.
Со него имало уште двајца 15-годишници кои биле сведоци на несреќата, но како што пишува „Телеграф“, тие не се качиле на вагоните.
Тинејџерот е во многу тешка состојба, се здобил со тешки изгореници по целото тело. Итно бил пренесен во болница и е на респиратор.