Регион
Тројца кандидати за мандатар на владата на Република Српска

Актуелните министри за финансии и здравство, Александар Џомбиќ и Ранко Шкрбиќ и градоначалникот на општина Мрконич, Зоран Тегелтија се тројца кандидати за мандатар за состав на новата влада на Република Српска.Ова е резултатот од консултативниот состанок на претседателот на Здружението на пензионери, Раде Ракуљ со претседателот Милорад Додик во врска со именувањето на мандатар за состав на новата влада.Се очекува по дополнителните консултации и со други политички партии, Додик да го објави името на кандидатот за мандатар на почетокот на следната недела. /крај/бета/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди Крит

На грчкиот остров Крит се почувствува земјотрес, а епицентарот беше во морето, на 52 километри североисточно од Ситија, објави атинскиот Институт за геодинамика.
Јачината на земјотресот била 4,2 степени иако прелиминарните резултати покажале дека тој бил 4,6 степени, објави веб-страницата „Екатимерини“.
Засега нема информации дали има штети или повредени.
Регион
Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“.
Таа потврди појава на силна алергиска реакција кај една личност и изјави дека лекарите подготвени ја пречекале и ја решиле ситуацијата.
Д-р Маркотиќ во ХТВ дневно изјави дека некои несакани ефекти, како што се треска и болка во раката, се очекуваат по втората доза на вакцинација, но дека не се регистрирани опасни несакани ефекти за време на клиничката студија или за време на вакцинацијата во земјите каде што повеќе луѓе примиле вакцина.
„Епидемиолошката слика е подобра, но треба да бидеме претпазливи при олеснување на мерките бидејќи се шири нов вид коронавирус“, рече Алемка Маркотиќ.
Регион
Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав. Ова го истакна албанскиот премиер, Еди Рама, откако француската амбасада во Албанија го нарече анти-ЕУ поради неговите обвинувања за незантересираност на Унијата да им додели вакцини на земјите од Западен Балкан.
Албанскиот премиер вели дека Франција направила грешка, вадејќи го од контекст.
Француската амбасада се огласи по вчерашната изјава на Рама дека светот е неправеден кога станува збор за купувањето на вакцините и дека малите играчи секогаш се последни во чекалната.
Амбасадата порача дека критиките на Рама за недостиг на вакцини од ЕУ за Запен Балкан се опасен анти-ЕУ курс. Во рекацијата на Амбасадата на Франција се оценува дека не е нормално и коректно да се напаѓа пријател како Франција. Наведоа дека Рама тргнал кон опасен геополитички курс, бегајќи од ЕУ кон Турција.
Според Рама, тоа што во Албанија стигнале 1.000 дози од пријателска земја е сепак за пофалба на владата, бидејќи Албанија е втора земја од регионот, после Србија која почнува со вакцинација на населението. Во таа насока, албанскиот премиер синоќа истакна дека Македонија добила ветување од Бугарија дека ќе ѝ бидат донирани 100 дози од првата пратка кога ќе стигне кај нив, но до тоа не дошло.
„Македонија не започна со вакцинација. Требаше да почне, но не се случи и тоа не е вина на Македонија. Бугарија ѝ даде збор дека ќе ѝ даде 100 дози, но се уште не ѝ дала. Ако ги имаше, ќе ги употребеа“, рече Рама.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира