Регион
Романија под притисок по суспендирањето на претседателот
Советот на Европа побара од уставноправните експерти да ја разгледаат одлуката на романските пратеници коишто во петокот гласаа за смена на претседателот Трајан Басеску.
На ваквата одлука на Советот на Европа ѝ претходеше критиката од страна на САД и Германија на ваквата позиција на романската владејачка коалиција на левиот центар на која ѝ припаѓа премиерот Виктор Понта, бидејќи сметаат дека на тој начин е загрозено владеењето на правото.
„Многу сум загрижен поради неодамнешниот развој на настаните во Романија, особено поради тоа што го преземаа владата и парламентот, кога станува збор за клучните демократски институции“, изјави генералниот секретат на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.
„Побрав мислење од Комисијата за деморкатија низ правото на Советот на Европа, чија членка е и Романија, за тоа дали овие потези се во склад со демократските принципи и владеењето на правото“, изјави Јагланд.
Парламентот на Романија во петокот ја прифати иницијативата за импичмент и гласаше за смена на претседателот Трајан Басеску. Од 432 пратеници, 256 гласаа за неговата смена. Сменувањето ќе биде конечно потврдено, доколку биде биде изгласано и на референдумот закажан за 29-ти јули. Претседателката функција привремено ја извршува претседателот на Сенатот, Крин Андоанеску, лидер на партијата Социјално-либерална демократија (USL) која на власт дојде на почетокот од мај 2012 година. Тие го обвинуваат претседателот Басеску дека го прекршил романскиот устав, меѓу другото, и присвојувајќи си ги овластувањата на премиерот и што „вовел мерки за штедење коишто предизвикале осиромашување на населението“.
Басеску ги отфрла овие обвинувања и предупредува на обидот на USL „да ги контролира лостовите на власта во државата и правосудството“. Покрај тоа, предупредува дека се загорзени и „стабилнсота и меѓународниот углед на земјата“, Претседателот Басеску пред гласањето изјави дека неговата совест е мирна, бидејќи ја извршувал должноста спрема земјата и народот.
Уставниот суд на Романија во своето советодавно мислење оцени дека претседателот на државата ги злоупотребил овластувањата кога, меѓу другото, „сакал да ја намали улогата и овластувањата на претседателот на владата“.
Басеску сега мора да стори сѐ за ја добие поддршката на избирачите пред референдумот за неговото сменување.
Романските невладини организации предупредуја дека во земјата се одигрува „напад врз демократските институции“ без преседан од падот на комунистичката диктатура во 1989 година. Одговарајќи на „легитимната загриженост“ на своите европски и меѓуанродни партнери, премиерот Виктор Понта во петокот порача дека Романија „ќе остане стабилна земја во којашто ќе се почитува правната држава“,/крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик не го признава геноцидот во Сребреница: „Ќе однесеме цвеќе, ако не навредува никого“
Во четвртокот, лидерот на Србија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот на Бошњаците за време на војната, но тој повторно негираше дека таму имало геноцид.
Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи дискусија пред Обединетите нации и се очекува гласање за Резолуција за осуда на геноцидот во тој град во летото 1995 година.
Резолуцијата е поддржана од дваесет земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување. Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница.
Водечките српски претставници од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик, тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.
„Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН бидејќи се што е напишано во неа е лага. Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна“, рече Додик.
Сепак, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница.
„Ако ни се укаже можност, на 2 мај ќе однесеме венци во Поточари, ако тоа не навреди никого. Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ, кој дојде да им оддаде почит на жртвите, изрази сочувство, а доби камен во главата и никој не одговараше за тоа“, истакна Додик.
Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница сепак нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.