Регион
Ердоган признава дека е разочаран од САД, може да се сврти кон Шангајската група

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во интервјуто за американската телевизиска мрежа CBS News вели признава дека е разочаран од САД, а во неделата изјави дека неговата земја би можела да ѝ пристапи на Организацијата за соработка од Шангај (SCO).
„Дозволете ми да бидам многу искрен, јас сум и познат по својата непосредност, Би било неправедно, доколку би кажал дека не сум разочаран“, рече турскиот претседател во интервјуто за американската телевизиска мрежа CBS во петокот.
Според него, американската политика во Сирија довела до вистинска закана на безбедноста на јужната граница на Турција, го натерала да ја заштитува својата земја. Ердоган, исто така, поради Вашингтон во Турција има речиси три милиона бегалци, двапати повеќе отколку во Европа.
„Ние ги решававме овие проблеми, ги разговаравме со претседателот (на САД, Барак) Обама и со потпретседателот (Џосеф) Бајден. Тие не беа во можноста да ја покажат својата најдобра страна и сериозно да му пријадат на проблемот. Тоа за нас беше многу фрустрирачки“, рече Ердоган. Тој оцени дека САД не успеале да ја решата граѓанската војна во Сирија и да ги отстранат последиците од неа за Турција.
Но она што е многу поважно во односите меѓу Анкара и Вашингтон, е прашањето со поранешниот голем сојузник на Ердоган, исламистичкиот проповедник Фетулах
Ѓулен кој од 1999 година живее во егзил во САД. Турските власти го обвинуваат како идеолог на неуспешниот пуч, и од американските бараат негово предавање, што овие засега го одбиваат.
Поради тоа Ердоган и во оваа прилика го критикуваше Вашингтон за давање азил и одолговлекување на процесот на екстрадиција. „Немам намера да ги обвинам САД (за обидот за преврат). Но таквата позиција ќе се утврдува кај мојот народ. Зошто вие сé уште го чувате кај себе овој човек? Уште му давате засолниште, а ја за жал, не навредува, но таква е перцепцијата на турската држава и на турскиот народ“, порача Ердоган.
Во неделата, пак, Ердоган изјави дека неговата земја не треба да биде истрајна за влез во ЕУ, сугерирајќи дека Анкара би можела да ѝ пристапи на Организацијата за соработка од Шангај (SCO), во којашто водечки земји се Кина и Русија.
„Турција би требала да се чувствува опуштено во врска со прашањето за ЕУ, а не тоа да ѝ биде фиксација. Некои би можеле да ме критикуваат но јас ги изнесувам моите мислења. На пример, се прашувам зошто Турција не би ѝ пристапила на Организацијата од Шангај?“, рече Ердоган во неделата патувајќи за Узбекистан потврдувајќи дека за тоа разговарал со рускиот и со кинескиот претседател.
Ердоган и претходно повеќепати го изнесе планот за пристапување во Организацијата од Шангај, која е организација за политичка и економска соработка која и собира Кина, Русија, и поранешните советски републики од Централна Азија. Пакистан и Индија, исто така, се сé поблиску до интеграцијата во оваа групација земји.
Европската унија ја обвинува Анкара дека не се држи до своите клучни обврски од договорот за бегалците и заедно со Вашингтон му забележува на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за наводен диктаторски режим. По исцрпувачкиот процес кој трае повеќе од половина век, се поставува прашањето дали сега е дојден крајот на турскиот пат кон Европската унија? До пресвртот дојде по неуспешниот државен удар од 15-ти јули кога Брисел луто го критикуваше немилосрдното пресметување на власта со пучистите и неистомислениците а Анкара ја обвини Унијата дека не покажала солидарност со земјата во којашто се случи обид за насилен воен преврат и соборување на власта.
Турција формално го поднесе барањето за членство во Европската унија во 1987 година, а пристапните преговори започнаа дури во 2005 година. Но амбицијата на Турција да стане дел од европската заедница датираат уште од 1960-те години. Аналитичарите велат дека и покрај сите проблеми, двете страни сакаат да ја задржат илузијата на пристапниот процес. Освен тоа, Брисел е свесен за важноста од договорот со Турција за намалувањето на приливот на имигрантите во Европа.
Турската влада по пропаднатиот пуч објави дека би можела да предложи враќање на смртната казна, што е потег за кој од ЕУ предупредија дека би значело моментално крај на пристапните преговори./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.