Регион
Никола Ѓурѓај: Законот за малцинствата е еден од условите за влез на Албанија во ЕУ
„Расте притисокот на меѓународниот фактор врз Тирана за усвојување на Законот за малцинствата во кој гледаме дефинитвно решавање и на проблемите на Македонците во Албанија. Усвојувањето на овој закон е еден од петте услови што Брисел и го постави на Албанија за нејзина интеграција во Европската Унија“ изјави за Макфакс лидерот на Македонското друштво Илинден со седиште во Тирана Никола Ѓурѓа,ј кој воедно е и главен уредник на весникот „,Илинден“ .
Ѓурѓај во интервју за Макфакс подвлекува дека расте оптимизмот кај Македонците и другите малцинства во Албанија дека многу скоро Собранието на Албанија ќе го усвои законот со кој се очекува во земјата да се почитуваат сите конфенции со кои се определуваат правата на малцинствата во една земја .
„Во Албанија пред извесно време се организираше една конференција за малцинствата, во организација на Комитетот за малцинства со присуство и на претставници на ЕУ но и Американскиот амбасадор“, вели Никола Ѓурѓај, додавајќи дека на конференцијата сите претставници на малцинствата побарале итно донесување на законот за малцинства.
„Ветено е дека тоа официјална Тирана ке го стори и тоа многу брзо. Усвојувањето на законот е еден од петте услови што ги има поставено ЕУ на Албанија за нејзино интегрирање“, истакнува Ѓурѓај, кој очекува овој закон да ги надмине проблемите и на Македонското малцинство кое живее во повеќе делови на Албанија.
Лидерот на здружението „Илинден“, како главни проболеми кои треба да се решат во Албанија ги потенцира образованието за сите Македонци каде тие живеат, потоа програми на државната радио телевизија на македонски јазик како и добивање на сите други права кои се предвидени со конфенцијата за правата на малцинствата .
Запрашан во врска со значењето на весникот „Илинден“ во Тирана тој вели дека сега весникот излагува и се доставува до сите населени места и градови каде има Македонци.
„Имавме многу проблеми околу печатењето на весникот но сега тоа е минато. Весникот информира за сите активности на Македонците во Албанија и за активностите на здружението и се онаа што е во центарот на вниманието во Македонија и Албанија . Тој весник ја постигнува целта, а тоа е информирање на Македонците во Албанија на нивниот јазик и кирилично писмо. Тој е мошне центет и баран весник од страна на македонците во Преспа, Голобрдо, Гора, Тирана , Драч, Елбасан , Драч и други места во Албанија“, вели Ѓурѓај.
Кога станува збор за активноста на друштвото „Илинден“ подвлекува дека тоа ги организира Македонците, но исто така и организира и промоции на објавени кнги од страна на Македонците во Албанија за нивните традиции, живот публикации на македонците во други сфери.
Никола Ѓурѓај кој е и добар аналитичар на состојбите во Албанија, нагласува дека Македонците во оваа држава со особен интерс ги следат и случувањата во Македонија .
„Ние како Македонци во Албанија, посакуваме во Македонија да има добри избори, бидејки посакуваме Македонија да биде просперитетна. Ние се радуваме кога Македонија напредува“, истакна Ѓурѓај за Макфакс. крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

