Регион
Аферата Патриа по 10 години отиде во судска застарување

Вишиот суд во Љубљана го отфрли барањето на некогашниот словенечки премиер Јанез Јанша да му се овозможи повторно судење за аферата Патриа, одлучувајќи дека тој случај отишол во апсолутно судско застарување во август оваа година.
Јанша беше осуден на две години затвор бидејќи наводно во 2005 година, кога бил премиер, прифатил ветување дека ќе добие мито откако финската компанија Патриа ќе склучи договор со словенечката војска за набавка на оклопни транспортери во вредност од 278 милиони евра. Неговите двајца соработници беа осудени на 22 месеца.
По издржаниот дел од казната, пресудите им ги укина уставниот суд заради повреда на судската процедура и кршење на законитоста.
Уставниот суд наложи пред новиот судски совет да се одржи ново судење, но е утврдено дека случајот десет години по настанот всушност застарел и дека случајот нема да добие судски епилог.
Вишиот суд ја потврди одлуката за застарување и ја отфрли жалбата на Јанша за повторно судење за да може целосно да биде судски и политички рехабилитиран.
Јанша во среда ваквото соломонско решение на судот на својот Twitter профил го нарече „кафкијански правосуден пресврт“. Таквите апсурди и исмејување со законот се можни само во Словенија во која владеат кругови поврзани со поранешниот претседател Милан Кучан, наведе Јанша, кој процесите против него ги смета за политички мотивиран прогон. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Згмечен автобусот откога удри во друг автобус во Осиек, бројот на повредени се искачи на 20 лица

Дваесет лица се повредени во судир на два градски автобуса, што се случи утринава на раскрсницата на улиците Вуковарска и Чесариќева во Осиек, а според досегашните информации, никој не е во животна опасност, известија од градската управа на Осиек.
Градоначалникот Иван Радиќ за новинарите изјави дека несреќата се случила утрово околу 6.40 часот кога автобус од Градскиот патнички превоз (ГПП) во Осиек запрел на семафор со десет патници кога во него удрил друг автобус со 20 патници.
Во болница се примени 20 повредени лица, засега ниедно не е во животна опасност, а во тек е полициска истрага за утврдување на причините за несреќата, посочи градоначалникот.
Тој додаде дека автобусот, кој удрил во друг автобус, полицијата ќе го однесе на технички преглед, иако веќе поминал редовен технички преглед, а во февруари периодичен технички преглед, кој не констатирал недостатоци.
Градоначалникот Радиќ на сите повредени патници им посака брзо закрепнување. Од КБЦ Осиек потврдија дека примиле 20 повредени лица, медицинската помош е во тек, а според првичните информации, ниедна од повредите не е опасна за животот.
Регион
Млад човек тешко повреден во Белград: добил струен удар кога се качил на локомотива

Државјанин на Швајцарија Р.В. (29) вчера околу 2 часот и 30 минути е тешко повреден откако се качил на локомотива на железничка станица во Белград.
Како што неофицијално дознава српски Телеграф, младиот човек добил струен удар, при што се здобил со тешки изгореници по целото тело.
Неговите тројца пријатели, кои биле сведоци на несреќата, наводно веднаш повикале брза помош.
Брзата помош го пренела младиот човек во тешка состојба во Ургентниот центар во Белград, а за случајот е известено и обвинителството.
Регион
Српскиот народ се сеќава и не ги заборава своите жртви: Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија

Се додека српскиот народ е обединет, никој нема да го потчини – ниту со бомби, ниту со уцени, порача денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија и српскиот народ.
„На денешен ден се сеќаваме на страшните моменти кога НАТО, без одлука на Советот за безбедност, почна брутална агресија против Србија и српскиот народ. Не бомбардираа 78 дена. Убија деца, уништуваа болници, училишта, мостови, железници. Не избираа цели – го избраа народот“, рече Додик.
Тој потсети дека во тоа страшно бомбардирање на НАТО загинале Ристан, Милица, Бојана… и илјадници други невини луѓе, а биле убиени само затоа што биле Срби и затоа што се осмелиле да бидат слободни.