Регион
Албанија и Црна Гора се подготвуваат за бегалскиот бран
Албанија ја засили контролата на граничните премини кон Македонија и Грција и се подготвува за можно прифаќање на мигрантите, додека истото започна да го прави и Црна Гора, пренесува Hina.
Албанија ја засили контролата на граничните премини кон Македонија и Грција и се подготвува за можно прифаќање на мигрантите, додека истото започна да го прави и Црна Гора, пренесува Hina.
Причината е опасноста од тоа бегалскиот бран кој сега е сопрен на грчко-македонската граница да започне да се прелива кон овие земји. Според албанските медиуми, повеќе од 450 специјалци се испратени на преминот кај Струга и на уште четири премини кон Грција.
Албанија исто така отворила три од своите некогашни гранични воени бази за евентуално прифаќање на мигрантите. Црна Гора, пак, нема официјални информации околу тоа дали ќе стане дел од мигрантската рута, но се подготвува за прифаќање на мигрантите, потенцирале црногорските владини претставници.
„Следиме што прави Европската унија и кои се препораките кои ги дава, така што со сето тоа движење и ние преземаме некакви активности“, изјавила црногорската министерка за социјална заштита Зорица Ковачевиќ.
На прашањето дали Црна Гора е подготвена за прифаќање на мигранти, Ковачевиќ потсетила дека земјата има план на активности во случај на прилив на мигранти, усвоен од владата уште минатата година. Таа додала дека се вршат и подготовки во врска со можното преминување на мигрантите низ Црна Гора и обезбедувањето на сместување за нив.
Црна Гора во овој момент е подготвена да прифати 10 илјади мигранти, а доколку земјите од регионот не ги затворат своите граници, тогаш таа дневно би можела да обезбеди сместување за околу две илјади мигранти./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

