Регион
Албанија пушта нова обврзница – долгот на земјата се зголемува за 300 до 500 милиони евра

Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека официјална Тирана побарала долг од 300 до 500 милиони евра, и тоа преку пуштање на нова обврзница -Евроборд.
Албанскиот премиер за Ројтерс вели дека и покрај тоа што Албанија има ниско ниво на собирање на даноци, бидејќи моментално процентот на нивното собирање е 27 отсто, сепак според него во споредба од пред две години кога собирањето било 23 отсто, сега собирањето на таксите е повисоко.
Тој нагласува дека владата има превземена една голема кампања против сите фирми кои не работаат во согласност со законот, особено во насока на прикривање на даноците.
„Оваа наша одлука треба да биде вознемирувачка за народот и владата, но не и за инвеститорите“, нагласи Рама во Њујорк во едно интервју за Ројтерс.
Инаку оваа позната новинска агенција ја пренесува и информацијата дека Албанија е земја со најниското собирање на таксите во регионот. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.