Регион
Албанија ‘рај’ за странски криминалци

Во Албанија на многу лесен начин успеваат да се сокријат дел од странските криминалци по коишто има издадено меѓународни потерници, оценуваат во понеделникот албанските медиуми.
Така, весникот Мапо, кој се повикува на извори од албанската полиција, наведува дека во последните три месеца полицијата уапсила петмина криминалци од Македонија, Бугарија, и Романија. Станува збор за убијци и сторители на други тешки кривични дела кои се криеле во Албанија, а за нив имало потерници.
Истиот весник наведуват дека меѓу уапсените е и македонскиот државијани Бојан Петревски, кој заедно со Ристе Силјановски се криеле во Албанија по убиствата што ги извршиле во Македонија . Во Албанија нивните адвокати на разни начини правеле сé тие да не бидате екстрадирани.
Слична е состојбата и со државијани на Бугарија и Ромунија, по коишто има распишани меѓународни потерници. Весникот Мапо, исто така, наведува дека токму ваквата состојба ја прави Албанија прибежиште на странските криминалци./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.