Регион
Албанската полиција уапси македонски државјанин што војувал за ИС

Албанските власти во Тирана уапсија македонски државјанин од Гостивар, по потерница распишанана од Македонија.
Албанското МВР соопшти дека гостиварецот е уапсен по барање на македонските власти, кои по него распишале меѓународна потерница заради сомнение дека војувал во редовите на Исламска држава.Истите извори наведуваат дека се очекува брза екстрадиција на гостиварецот во Македонија каде ќе му биде судено. Притоа не се дадени информации за идентитетот на притвореното лице од Македонија. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уапсен малолетник: се обидел да убие врсник на улица во Лесковац

Припадници на МВР во Лесковац уапсиле 16-годишник од околината на тој град, под сомнение дека со нож се обидел да убие врсник.
Тој е осомничен за кривично дело убиство во обид, информираат од Полициската управа во Лесковац, пренесува Танјуг.
Се сомничи дека вчера по кратка дискусија двапати со нож прободел шеснаесетгодишник во пределот на градите и стомакот и на улицата му нанел тешки повреди опасни по живот.
На повредениот најпрво му била укажана лекарска помош во Општата болница во Лесковац, а потоа е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.
Осомничениот со кривична пријава е приведен во Вишото јавно обвинителство Лесковац и по сослушувањето на судијата за претходна постапка му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.
Регион
Почина Вукашин по четири месеци и 20 дена борба за животот, тој е 16-та жртва од уривањето на натстрешникот во Нови Сад

Матурантот, кој беше тешко повреден при уривањето на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад, почина по четири месеци и 20 дена борба за животот станувајќи 16-та жртва на оваа трагедија, која со месеци предизвикува протести на студентите и граѓаните во Србија.
Станува збор за Вукашин Црнчевиќ, 18-годишно лице, кое на 27 јануари беше префрлено на ВМА од Универзитетскиот клинички центар во Војводина, каде што неговата состојба беше критична, но стабилна.
Од младиот човек денеска се простија студенти и професори на економското училиште „Светозар Милетиќ“, како и многубројни граѓани на Нови Сад.
На училишната зграда беше истакнато црно знаме, а социјалните мрежи беа преполни со пораки на сочувство.
Во знак на сеќавање, денеска на повеќе локации во градот се одржа 16 минути молчење – по една минута за секоја изгубена жртва во трагичната несреќа.
Регион
Два земјотреса утрово во Србија

Два земјотреса со јачина од 2,7 и 2,9 степена според Рихтеровата скала утрово ја погодија Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотрес со јачина од 2,7 степена според Рихтеровата скала ја погоди населбата Гоч во општина Врњачка Бања во 7.18 часот, на длабочина од шест километри.
Вториот земјотрес, во 7.20 часот, со јачина од 2,9 степена, ја погоди истата локација на длабочина од 10 километри.