Регион
Аспиратор за активна торакална дренажа во велешката болница донираше Жито Маркети
Детското одделение за анестезија, реанимација и интензивно лекување во велешката болница доби нов аспиратор за активна торакална дренажа.
Потребата децата со респираторни заболувања да се носат на лекување во скопските клиники веќе е минато, јави пораталот Лисица. Апаратот кој ќе ги подобри здравствените услуги во велешката болница е донација од Жито Маркети.
„Ќе биде сместен на интензивниот оддел во хирушките сали каде што најчесто ќе се користи заради тоа што најголме број на пациентите ќе бидат таму присутни“, рече др. Атанас Василев, директот на Општа болница Велес.
Средствата за набавка на овој апарат Жито Маркети ги обезбеди преку кампањата „Навика да добивам повеќе“ и картичката за лојалност која веќе ја имаат над 20 илјади потрошувачи.
„Со донацијата во Велес нашата кампања ги дава првите резултати. Се одлучивме донацијата да ја лоцираме во детското одделение откако бевме информирани дека аспираторот на ова одделение е од приоритетна важност и дека во голема мера ќе им помогне на малите пациенти“, рече Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.
Освен дренажниот апарат, Жито денеска донираше и постелнина, кебиња и новогодишни пакетчиња за дечињата кои се лекуваатво болницата.
„Успешноста на една компанија не зависи само од нејзините финансиски парамнетри туку и од сопствената хуманост што ја манифестира во средината во која работи“, рече Стојанче Тодоров, маркетинг директор на Жито Маркети.
На новогодишните пакетчиња најмногу им се израдуваа децата. Не ги криеја ни своите желби за посреќна Нова Година.
„Сакам Дедо Мраз да ми донесе креветче и кукла“, „Највеќе сакам возови“, „Сакам кукли, сакам велосипед, и голема елка со многу лампиони и светилки“, велат дечињата кои се лекуваат на детското одделение во велешката болница.
Ова не е прва донација на Жито Маркети. Од таму велат општествено одговорни ќе бидат во секоја општина каде што имаат маркети. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

