Регион
Авганистанските бегалци се префрлуваат во Атина
Грчката полиција започнала во вторникот утрото да ги префрла со автобуси во Атина стотината авганистански мигранти, блокирани на грчко-македонската граница откако Македонија одби да ги пропушти на својата територија поради тоа што неколку стотици се веќе заглавени во прифатниот центар на Табановце на северната граница, откако Србија не им дозволува влез на своја територија за да продолжат натаму кон северна Европа.
Најмалку седум автобуси тргнале кон Атина со многубројни авганистански семејства кои би требало привремено да бидат сместени во прифатницентри близу грчката престолнина, рекле грчки полициски извори за AFP на грчката страна од заедничката граница со Македонија.
Околу 600 Авганистанци протестираа во понеделникот на железничката пруга во близина на граничниот премин Идомени барајќи „отворање на границите“ и осудувајќи ја одлуката на Македонија да не ги пропушти. Тројца од нив успеаја да ја пробија полициската барикада и да ја прескокнат граничната преграда пред да бидат фатени на маедонската страна.
Вкупно 4.000 имигранти се наоѓаа во вторникот претпладнето на грчко-македонската страна, меѓу кои има и многу Сиријци и Ирачани на кои им е дозволено преминувањето на границата, но тоа се одвива постепено.
До минатата седмица мигрантите од Авганистан, покрај оние од Сирија и од Ирак, беа пропуштани низ јужните земји од ткн балканска рута, бидејќи се сметаат како бегалци од зони на воени конфликти, додека другите беа враќани како економски имигранти. Засега не е јасно кога повторно авганистанските бегалци ќе може без проблеми да продолжат со патувањата низ Македонија и Србија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА

