Регион
Бајден во Турција предупреди на концентрација на власта
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден предупреди во саботата на „корозивниот карактер“ на концентрацијата на власта на врвот од некоја држава, во текот на тридневната посета на Турција чијашто конзервативно исламска влада е обвинувана често дека е склона кон авторитарност.
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден предупреди во саботата на „корозивниот карактер“ на концентрацијата на власта на врвот од некоја држава, во текот на тридневната посета на Турција чијашто конзервативно исламска влада е обвинувана често дека е склона кон авторитарност.
„Втемелувачите на Соединетите држави дошле до заклучок дека концентрација на власта е нешто најкорозивно што може да му се случи на еден политички систем. Тоа и натаму го мислиме“, изјави американскиот потпретседател Џо Бајден во говорот во Истанбул пред претставниците на турската граѓанска заедница.
Бајден во говорот директно не ја спомена ситуацијата во Турција, истакнувајќи дека не допатувал во Истанбул за да го промовира „преобратувањето“. „Најдобар начин за заштита на слободата е да се избегне концентрацијата на премногу овластувања во рацете на само една гранка од власта“, истакна потпретседателот на САД.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој во август годинава беше избран на претседателската функција откако 11 години беше премиер, е предмет на многубројни критики од западните сојузници кои го обвинуваат дека е наклонет кон авторитарност и дека сака да го исламизира турското општество. Доколку повторно биде избран на претседателската должност, како што дозволува турскиот устав, Ердоган би можел да ја води Турција до 2024 година.
Вашингтон редовно изразува загриженоста поради кршења на слободи во Турција од времето на антивладините протести кои беа одлучно задушени, кои ја зафатија целата земја во јуни 2013 година./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.