Регион
Баросо: Уште многу работа за Белград на патот кон ЕУ
Влегувањето на Србија во Европската унија е од двостран интерес, но пред владата во Белград стои спроведувањето на многубројни реформи, изјавија во неделата претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и српскиот премиер Александар Вучиќ на прес-конференцијата по разговорите во Белград.
Жозе Мануел Баросо, како сé уште актуелен претседател на Европската комисија, ја започна својата посета на Србија рано попладнето. Притоа порача дека Европската унија ја смета Србија за сигурен партнер и столб на стабилноста и соработката во југозападен Балкан, а чекорите коишто досега Белград ги остварил на патот кон европските интеграции ги квалификуваше како „значителен напредок“.
„Процесот на придружување е сеопфатен проект кој бара напредок во многу области. Членството во ЕУ не е напор и желба на малкумина“, туку во тоа треба да учествуваа сите институции, од парламентот и регулаторните тела до организациите на цивилниот сектор, порача Баросо.
Особено го истакна владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и транспарентноста на процесот на пристапување на Унијата.
Во Белград Баросо ја донесе и пораката на Брисел дека европската комисија е подготвена да ги поддржи реформите во Србија, за што веќе се издвоени средства од ИПА фондовите.
Порача, исто така, дека за Брисел е особено важен и приорите му дава на дијалогот меѓу Белград и Приштина во кој досега и двете страни „покажале визија и храброст“, покажани низ многуте постигнати договори. „Целата ЕУ смета дека двете страни треба да покажат одговорност и подготвеност да ги применат постигнатите спогодби“, изјави претседателот на ЕК на заминување.
Српскиот премиер Александар Вучиќ, пак, ја истакна „длабоката посветеност“ на државниот врв Србија да ја приближи до статусот полноправна членка на ЕУ.
Заблагодарувајќи му се на Баросо на помошта од ЕУ во текот на катастрофалните мајски поплави, Вучиќ истакна дека во Србија постојат јасни определувања за евроинтеграциите.
„Србија е серозно и длабоко посветена на работата којашто треба, не само да ја одржи на европскиот пат, туку и да ја приближи на полноправното членство во ЕУ“, рече Вучиќ според кого во Србија постои свест за многуте обврски, но„ сериозните економски реформи не носат подобрување за три месеца, туку ќе ги донесат за три години“. „Мораме тие реформи да ги извршиме, доколку сакаме да бидеме европско општество“, истакна српскиот премиер.
Притоа Вучиќ го покажа листот со три бои, зелена, жолта и црвена, со кои се оцените постигнувањата во досегашните обврски. „Во овој извештај има пет црвени области, а едно е особено црвено – екологијата, каде ништо не е во согласност со ЕУ“, појасни Вучиќ.
Коментираше дека сепак повеќе работа ќе има во некои „со жолто обоени области“ во коишто работата не е доволно направена и каде постојат проблеми при што призна дека „знаеме каде не сме ја завршиле својата работа како што треба“.
Баросо подоцна во неделата ќе се сретне со српскиот претседател Томислав Николич, по што ќе отпатува за албанската престолнина Тирана./крај/мф/сн
Извор: Танјуг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него.
Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.
Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи кои беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.
„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“, рече Вучиќ.
„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Додик вежбаше во природа, па порача: „Никогаш не сум бил во подобра форма“
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на социјалните мрежи на кое прави чучнувања во природа, што предизвика бројни коментари. Со тоа, тој се придружи на долгата низа политичари кои ги искористија своите физички атрибути и спортски активности за да привлечат внимание од јавноста, пишува N1.
Претседателот на СНСД на платформата Икс објави видео со пораката: „Никогаш во подобра форма“.
Никад у бољој форми. pic.twitter.com/Vh2A3e3E3v
— Милорад Додик (@MiloradDodik) February 22, 2026
Ова ги натера корисниците на социјалните мрежи да се пошегуваат, а се појавија и коментари дека тој се „подготвува за затвор“ или за Олимписките игри. Објавата на Додик е продолжение на трендот што во светот го популаризираше рускиот претседател Владимир Путин, познат по фотографиите на кои ги покажува своите мускули.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.

